Папата: Младите се новата плодна почва на Бога

Папата: Младите се новата плодна почва на Бога

Во пораката до учесниците на XX состанок  на одговорните за пасторал со младите во земјите во Латинска Америка и Карибите, што се одржува во Перу, папата Фрањо ги потикна  младите да го продлабочат своето знаење за Исус Христос.

Младите ни зборуваат и поставуваат прашања, со својот ентузијазам и не поттикнуваат да им одговориме според нашето време. Тие се плодна и нова земја која Бог ја дарува на христијанските заедници – стои во пораката на папата Фрањо до учесниците на XX состанок на одговорните за паасторал со младите во земјите во Латинска Америка и Карибите, кој се одржува во главниот град Перу од 18 до 23 ноември. Папата исто така истакна дека  оние кои пасторално работат со младите, им е доверена задача да ги пратат младите луѓе со почит и милосрдие, на патот на нивниот личен развој како би се зајакнале во верата и со Господовото милосрдие да донесат плодови на љубов и надеж.

На американскиот континент, континентот на надежта, како и во целиот свет, младите се ,,Божјо денес“ затоа што Отецот преку својот Син Исус кој е манифестација на неговата добрина, присутност и одење со нив, и понатаму говори со јазикот на својата љубов, која знае повеќе за подеми и падови, на помирување наместо забрана, за обезбедување нова можност наместо осуда, и повеќе за иднината отколку за минатото – рече Светиот Отец и додаде: В охрабрувам уште повеќе да го продлабочите своето знаење за личноста на Исус Христос, така што, живеејќи во присутноста со Неговото срце, станувате ученици мисионери и сведоци на Неговата нежност, така што и другите млади можат да му пријдат на Оној кој е вечно млад, да ја доживеат радоста на Неговото пријателство и да ги засноваат нивните животи врз братството и христијанската солидарност.

На крајот од пораката папата Фрањо го замоли Господ преку застапништвото на Пресвета Богородица од Гвадалупе, заштитничка на Америка, со својата милост да ги поддржи пастирите одговорни за пасторал со млади од Латинска Америка, зајакнувајки ги во меѓусебна љубов и следејќи ги во секојдневниoт живот. Да напоменеме дека на средбата во Лима, насловена ,,Ние младите, сме света Божја почва“, учествуваат околу 150 лица од различни земји од Латинска Америка и Карибите.

Меѓу целите на настанот е да се утврди заедничката насока на дејствување и поддршка за работата на националните младински пасторални комисии.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот