Папата: Ми недостига шетањето по улица како во Буенос Аирес

Папата: Ми недостига шетањето по улица како во Буенос Аирес

Папата му испрати порака на новинарот Хавиер Мартинез Брокал, кој го фотографираше на 11 јануари 2022 година додека излегуваше од продавница за плочи во центарот на Рим.

„Она што најмногу ми недостига во оваа бискупија е неможноста да талкам по улиците, како што правев во Буенос Аирес, одејќи од една до друга парохија.“

Ова го истакна Папата на почетокот на неговиот понтификат и го повтори во писмото до шпанскиот новинар Хавиер Мартинез Брокал, директор на медиумската куќа Rome Reports, кој беше на минување во близина на римскиот Пантеон на 11 јануари и го слика заминувањето на Папата од продавницата за плочи Stereosound, чии сопственици Светиот Отец ги знае уште од времето кога бил надбискуп на Буенос Аирес.

Црно-белата фотографија на која се гледа папата Фрњао на прагот од продавница со плоча класична музика под пазувите, која му ја поклони сопственичката на продавницата Летиција Гиостра и нејзината ќерка Тизијана за само неколку минути стана вирална на социјалните мрежи.

Хумор и повик

Фотографијата дојде и до Папата, кој му се заблагодари на Брокал за оваа „благородна“ објава. Тој на шега додаде дека не може да ја негира „грубата судбина“ што и покрај сите преземени мерки на претпазливост, сепак имало новинар на такси станицата, а потоа нагласи дека не смее да се изгуби смисла за хумор. Го поттикна да ја извршува својата новинарска работа, па дури и ако тоа значи да го доведе Папата во неволја.

Човечка посета

Ова не е прво излегување на папата Фрањо во градот, кој во 2015 година посети оптичар, а потоа во 2016 година појде да купи чевли. Во вторник, на 11 јануари 2022 година, Папата ја потсети продавницата Stereosound во доцните попладневни часови и ја благослови реновираната продавница. Десет минути се задржал со сопствениците, стари познаници од времето кога како надбискуп на Буенос Аирес доаѓал во посета на Рим. Сопственичка на продавницата посетата ја опиша „прекрасна“ и „човечка“.

Носталгија за слободно движење

Од почетокот на неговиот понтификат, папата Фрањо сподели дека чувствува носталгија за слободно движење низ градот. „Ми недостига да излегувам на улица, навистина би го сакал тоа, мирот на шетањето или одењето во пицерија за да јадам добра пица… Отсекогаш сум бил „на улица“, изјави тој во 2015 година за аргентинскиот весник La voz del pueblo. Тој ја повтори оваа мисла две години подоцна, во 2017 година, во интервју за списанието за бездомници Scarp de tenis од Милано поддржано од Каритас. „Ми недостасува само една работа: можноста да излезам и да шетам по улиците. Сакам да посетувам парохии и да запознавам луѓе.“ Тој сподели слични зборови во неодамнешното интервју за шпанското радио Cope.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот