Папата: Милосрдието на свети Андреј е сила во тешките времиња

Папата: Милосрдието на свети Андреј е сила во тешките времиња

Папата Фрањо испрати порака до екуменскиот патријарх Вартоломеј I по повод празникот свети Андреј апостол заштитник на патријархатот. Кардиналот Кох заедно со ватиканска делегација учествуваше на Божествената Литургија служена во Истанбул.

Може да се преговара за мирот како цел, но тоа нема да ги искорени војните од светот сѐ додека луѓето не сфатат дека се браќа и сестри. Во тоа папата Фрањо е уверен. Оваа мисла стои во пораката која ја испрати до патријархот Вартоломеј I на празникот апостол Андреј. Пораката ја прочита кардиналот Курт Кох на крајот од Божествената Литургија служена во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Истанбул на која учествуваше ватиканска делегација. Тоа е веќе многу стара традиција која ја почитуваат и претставници на екуменскиот патријарх кој на 29 јуни на празникот Свети Петар и Павле учествуваат на света Миса.

Забележувајќи во пораката дека освен пандемијата, војната и понатаму мачи многу краишта во светот, а новите вооружени конфликти ги лишуваат од живот мажите и жените. Папата истакна дека сите иницијативи кои националните и меѓународните институции ги преземаат за да промовираат мир, несомнено се корисни и потребни, но конфликтите и насилството нема да престанат сѐ додека сите луѓе не станат навистина свесни дека како браќа и сестри имаат взаемна одговорност. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот