Папата: Милосрдието е клучот за живот со вера

Папата: Милосрдието е клучот за живот со вера

Да не заборавиме дека милосрдието е клучот за живот со вера и конкретен облик преку кој Исусовото воскресение го правиме видливо – рече папата Фрањо во својот пладневен наговор пред молитвата Царице небесна, од прозорецот на Апостолската палата, на 23 април 2017 година.

Во традицијата на Црквата ова недела се нарекувала in albis, што потсетувало на обредот кој го вршиле ново крстените, во ноќта на воскресното бдение. На секому му била доделувана бела облека или алба, за да се изрази нивното ново достоинство на деца Божжји – рече Светиот Отец.

Во јубилејот 2000 години, свети Иван Павле II ја основа ова недела како празник на Божјото милосрдие. Пред неколку месеци го затворивме вонредниот јубилеј на милосрдието, а ова Недела, нè повикува одново и силно да ја прифатиме милоста која доаѓа од Божјото Милосрдие – рече папата Фрањо.

Смислата на милосрдието – во денот на Исусовото воскресение – се претставува како простување на гревовите. Воскреснатиот Исус на својата Црква – како првенставена задача го пренесува – истото она послание кое и самиот го примил од Отецот; на сите да се пренесе конкретно навестување за простување на гревовите. Овој видлив знак на неговото милосрдие, со себе носи мир во срцето и радост за средбата со Господ – рече Папата.

Милосрдието ја отвора вратата на умот за подобро разбирање на Божјото таинство и нашиот сопствен опстанок. Преку него разбираме дека насилството, омразата и осветата немаат никаква смисла, а прва жртва е оној кој ги живее тие чувствата, затоа што самиот себе се лишува од сопственото достоинство. Милосрдието исто така ја отвора и вратата на срцето и ни овозмоува да искажеме близина – посебно на оние кои се сами и маргинализирани – затоа што прави меѓусебно да се чувствуваат браќа и деца на еден единствен Отец.

Милосрдието исто така го грее срцето и го држи чувствително за потребите на браќата преку меѓусебното споделување и соучество во добрата Милосрдието сите ги ангажира и поттикнува да бидат инструменти на праведноста, помирувањето и мирот – рече Светиот Отец и напомена: Никогаш да не заборавиме дека милосрдието е клучот за живот со вера и конкретен облик преку кој Исусовото воскресение го правиме видливо. Нека Марија, Мајка на Милосрдието, во сето тоа ни помогне да веруваме и радосна да живееме.

Царице небесна

По молитвата Царице небесна, Папата потсети дека вчера во Овиедо, во Шпанија за блажен е прогласен свештеникот Луис Антонио Роса Ормиерес од XIX век, кој своите бројни човечки и духовни квалитети ги ставил во служба на воспитувањето и ја основал Конгрегацијата на сестри Ангел Чувар. Неговиот пример и застапништвото, посебено нека им помогне на оние кои работат во училиштата или на подрачјето на воспитанието и образованието – посака папата Фрањо.

Упатувајќи, според својот обичај, поздрав до сите поклоници од Италија и светот, Светиот Отец посебен поздрав упати до верниците кои ја негуваат побожноста кон Божјото Милосрдие, на собраните пред црквата Светиот Дух во Саси. Папата на крајот им се заблагодари на сите оние кои му го честитаа Велигден, а за возврат – на секому од нив и на сите семејства – побара милост од Воскреснатиот Господ. На крајот, собраните верници и поклоници, Светиот Отец ги отпушти на вообичаениот начин.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот