Папата: Марија нѐ потсетува дека сме повикани да Му служиме на Бог со целото битие

Папата: Марија нѐ потсетува дека сме повикани да Му служиме на Бог со целото битие

Во пладневниот наговор во кој се спомна на трагедијата која се случи во Џенова, папата Фрањо поттикна на молитва до Марија, со својот заговор да ни помогне секојдневно да живееме со надеж дека еден ден со сите светци и со нашите мили ќе им се придружиме во рајот.

Во пладневниот наговор на празникот Успение на Пресвета Богородица на небото, папата Фрањо потсети дека животот на Марија бил како животот на секоја жена во нејзиното време. Меѓутоа Марија извршувала сѐ во потполно соединување со Исус – истакна Папата – а на Голгота тоа соединување го достигнало врвот. Заради тоа Бог ѝ дава целосно учество и во Исусовото воскресение. Телото на света Марија е сочувано од распадливост како телото на нејзиниот Син.

Воскресението на телото

Денес Црквата нѐ повикува да размислуваме за тоа таинство – рече папата Фрањо. Тоа ни покажува дека Бог сака да го спаси целиот човек, односно да ја спаси душата и телото. Исус воскресна со телото кое го прими од Марија; и се вознесе кај Отецот со своето преобразено човештво. Со тело како нашето, но преобразено – истакна и додаде – Вознесението на Марија, човечко создание ни дава потврда на она што ќе биде нашето одредување во славата.

Потсетувајќи потоа дека уште грчките филозофи сфатиле дека човековата душа е предодредена за среќа после смртта, напомена дека тие го презирале телото, го сметале за теминината на душата и не сфатиле дека Бог одредил човековото тело во небесното блаженство да биде соединето со душата. Нашето тело преобразено ќе биде таму. Тоа „воскресение на телото“ е составен дел од христијанската објава, темелот на нашата вера.

Да се служи и слави Бог со душата и телото

Чудесната реалност за вознесувањето на Марија го покажува и потврдува единството на човековата личност и нѐ потсетува дека сме повикани да Му служиме и да го славиме Бог со целото свое битие, со душата и телото – истакна Папата. Да Му се служи на Бог само со телото би било – според зборовите на Папата – како делување на робови; да му се служи само со душата би било во спротивност со нашата човечка природа.

Големиот црковен отец свети Иринеј околу 220 година зборувал дека „е славата Божја е живииот човек, а човековиот живот е гледање на Бог (Против ереси IV, 20, 7) – потсети Папата и истакна: Ако живееме така, во радосно служење на Бог, Кој се покажува и во великодушното служење на браќата, нашата судбина на денот на воскресението ќе биде слична на она на нашата небесна Мајка. Тогаш ќе ни биде дадено во целост да го оствариме поттикот од апостол Павле: „Прославете Го Бога во своите тела“ (1Кор 6, 20) и ќе Го славиме засекогаш во небото – рече папата Фрањо и на крајот поттикна: Да ја молиме Марија со својот мајчинско застапништво да ни помогне во нашето секојдневно одење да живееме во делотворна надеж дека еден ден со сите светци и со нашите мили сите ќе се придружиме во рајот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот