Папата: Литургијата е најдобрата помош која можеме да ја дадеме на покојните

Папата: Литургијата е најдобрата помош која можеме да ја дадеме на покојните

На 2 ноември 2016 година попладне на Задушница, папата Фрањо на римските гробишта Прима Порта служеше света Литургија во спомен на сите починати верници, а во една порака на твитер поттикна: „Да се задржиме со вера на гробовите на нашите сакани, молејќи и за починатите кои никој не ги спомнува.“

Многу луѓе овие денови доаѓаат на гробиштата, на тоа место за починка, а не за конечна смрт, во очекување за конечно будење. Убаво е да се мисли дека самиот Исус ќе нѐ разбуди – рече папата Фрањо во ноември пред две години. Самиот Исус објави дека смртта на телото е како сон од кој Он ќе нѐ разбуди. Да застанеме со таа вера – па и само во мислите – на гробовите на нашите сакани, оние кои нѐ сакале и кои ни направиле добро – поттикна Папата.

Папата Фрањо исто така повика да се сетиме на оние на кои никој не ги спомнува – жртвите на војни и насилства; голем број „мали“ луѓе во светот, притиснати од гладот и бедата; браќата и сестрите кои се убиени затоа што се христијани; како и сите кои го посветиле својот живот за да им служат на другите. Црковната традиција секогаш поттикнувала на молитва за покојните, посебно прикажувајќи за нив света Литургија. Таа е најдобрата духовна помош која можеме да им ја дадеме на нивните души, најмногу на оние најнапуштените – објасни Папата.

Споменот на мртвите, грижата за нивните гробови и молитвите и светите Литургии за нив се сведоштво за цврста надеж, вкоренети во сигурноста дека смртта не е последниот збор за човечката судбина затоа што човекот е одреден за живот без граница, за радосната средба со Бог, со убавината, добрината, нежноста, со полнотата на љубовта. Таа сигурност дава нова и целосна смисла на земскиот живот и ни ја отвора надежта за живот после смртта – истакна папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот