Папата: Легитимнните различности треба да коегзистираат

Папата: Легитимнните различности треба да коегзистираат

„Легитимнните различности треба да коегзистираат”. Тоа беше акцентот во говорот на папата Фрањо кон делегацијата од Вселенската Патријаршија на Константинопол, која ја прими на 27 јуни 2017 година на аудиенција во Ватикан. Посетата на православната делегација во Рим е веќе долга традиција, која се обновува секоја година за празникот на светите Петар и Павле, 29 јуни.

Во својот говор папата Фрањо потсети дека „двајцата ученици на Исус, служеа со различни стилови и поинаку на Исус” и „без оглед на тоа, во нивното разликување двајцата дадоа сведоштво за милосрдна љубов на Бог Отецот”. Затоа – истакна Папата – „прославата на двајцата апостоли заедно, значи да се истакне за единството во различноста. И како што добро знаете – истакна Папата – иконографијата ги прикажува двајцата апостоли во една прегратка, пророштво на единственото црковно општење во кое легитимните разлики треба да коегзистираат”.

Веќе е традиција размената на делегации меѓу Црквата во Рим и Црквата во Цариград по повод нивните патрони празници: 29 јуни во Рим за празникот на Светите Петар и Павле и 30 ноември во Истанбул за празникот на свети Андреј. Овој обичај – истакна Папата – „во нас ја зајакнува желба за обновување на потполно заедништво меѓу католиците и православните, што веќе го предвкусваме во братската средба, во заемната молитва и општото служење за Евангелието”.

Оттука Папата даде една перспектива за идниот богословски дијалог: „Искуството од првиот милениум, во кое христијаните од Истокот и Западот, учествуваа на истата евхаристиска трпеза, од една страна зачувувајќи ги заедно истите вистини на верата и од друга поттикнувајќи ги различните богословски, духовни и канонските традиции, компатибилни со учењето на Апостолите и Вселенските собори, е потребната основа и извор на надахнувањето во барањето за обнова на потполно единство во сегашните услови, единство што не е унифицирање”.

Папата потсети дека оваа година се слави 50. годишнина од посетата на блажениот Павле VI во Фанар, во јули 1967, и посетата на патрирахот Атенагора во Рим, во октомври истата година.

„Примерот на овие храбри и далекувидни пастири, поттикнати единствено од љубовта кон Христа и неговата Црква, ни помага да продолжиме по нашиот пат кон потполно единство”.

Во својот говор Папата зборуваше и за својот „возљубен брат Вартоломеј” и потсети дека нивната неодамнешна средба во Каиро, каде „уште еднаш се издвојува длабоката согласност во ставовите за некои предизвици кои влијаат врз животот на Црквата и современиот свет”.

Папата Фрањо го заврши говорот со желба престојниот состанок на Координативниот комитет на Мешаната меѓународна комисија за богословски дијалог меѓу Католичката и Православната Црква, кој ќе се одржи во септември во Лерос, Грција, „да биде богат со добри резултати за иднината на богословскиот дијалог”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот