Папата крсти еден Кореец во капелата на нунцијатурата во Сеул

На 17 август утрото во капелата на Апостолската нунцијатура во Сеул папата Фрањо го крсти Ли Хо-џин (56), татко на дете кое загина при потонувањето на тракетот Севол, заедно со околу 300 други лица, повеќето млади. Тој е еден од десетмината преживеани од несреќата, со кои Папата се сретна во петокот пред Мисата во Тежон. Ли Хо-џин го замоли Папата да го крсти, а тој прифати, објасни гласноговорникот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, о. Федерико Ломбарди.

Ли Хо-џин пред да го изгуби синот се подготвувал да пристапи во Католичката црква. За крштелно име го одбра „Фрањо“. По загубата на синот Ли пешачејќи се упати на 900 киломтери долго ходочастие, од својот дом до пристаништето Инхеон, каде што започна последната пловидба на Севол.

Според зборовите на о. Ломбарди, крштението го водеше на корејски јазик преведувачот на папата, Исусовецот Џон Чонг Че-чон, а Папата лично го крсти и го помаза Ли, кој пак беше во придружба на неговата ќерка и неговиот втор син.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот