Папата: Крвопролевањето во Дака е дело против Бог

Папата го изрази своето жалење заради крвопролевањата кои се случија на 1 јули во Дака, Бангладеш. Во пораката која ја потпиша неговиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, Папата зборуваше за безумното насилство извршено на невини жртви, за суровото дело против Бог и против човештвото.

Освен тоа загинатите ги доверува на Божјото милосрдие и ги гарантира своите молитви за семејствата на жртвите и ранетите. За нападот во кој загинаа најмалку 20 луѓе од кои поглемиот дел Италiјанци и Јапонци одговорноста ја презеде т.н. Исламска држава.

Зошто стратегијата на теророт овој пат го погоди Бангладеш? На тоа прашање во разговор за  Радио Ватикан осврна Бернардо Кервелера, директор на агенцијата AsiaNews и рече дека тоа е обид на т.н. Исламска држава да отвори уште еден фронт и најмногу од сѐ да го зголеми бројот на активистите. Западните земји заминуваат во Бангладеш и вложуваат средства затоа што таму е многу ефтина работната сила, а тоа ја интересира и Исламската држава и заради тоа и таа заминува во Бангладеш за да пронајде нови милитанти и нови боишта – објасни патер Кервелера.

Освен тоа – додаде тој – во Бангладеш веќе неколку децении во пораст е бројот на исламските фундаменталистички училишта, ги има речиси 75 000. Во недостаток на структури и воспитни предлози од страна на властите затоа што се премногу сиромашни, а исламските училишта кои се финансираат од страна на земјите на Персискиот залив, посебно Саудиска Арабија, воспитаа генерација кои го гледаат исламот во опасност; во атеистите гледаат непријатели, а другите религии дека треба да се уништат. Станува збор за процес кои сѐ  уште не го уништил мирната и пријателска карактеристика на исламот во Бангладеш, но вовлекува во него тензии кои сега избувнуваат – објасни патер Кервелара.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот