Папата: Колумбија и Медитеранското море се две болки во моето срце

Папата: Колумбија и Медитеранското море се две болки во моето срце

Близината и молитвата за настраданите мигранти и колумбискиот народ

Имам две болки на срцето, а тоа се Колумбија и Медитеранското море – рече папата Фрањо по молитвата Ангел Господов на 20 јануари 2019 година и истакна: Ја гарантирам својата близина со колумбискиот народ, кој во четврток доживеа тежок терористички напад во една полициска академија. Молам за жртвите и нивните роднини и продолжувам да молам за патот на мир во Колумбија.

Папата ги спомна и 170 жртви од бродоломот на Медитеранот, напоменувајќи дека барале иднина за себе, а можеби станува збор за жртви на трговија со луѓе. Да молиме за нив и за оние кои се одговорни за она што се случи – повика на крајот Светиот Отец.

Имено, бројот на жртвите од бродоломот, кој се случи во близина на либискиот брег, меѓу кои има жени и деца, според најновите известувања, од 117 е зголемен на 170, додека во друг бродолом во морето помеѓу Мароко и Шпанија загинаа 53 лица. Малобројните кои преживеале им е дадена помош на италијанскиот остров Лампедуса и во Мароко.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот