Папата: Колку пати чувствуваме потреба за промена?

Луѓето се преобраќаат односно го менуваат начинот на живот затоа што чувствуваат дека Исус ги љуби, тоа е резимето на Генералната аудиенција на 18 јуни 2016 година по повод Јубилејот на милосрдието која што Светиот Отец ја одржа на плоштадот Свети Петар.

Папата на аудиенцијата зборуваше за преобраќањето кое заедно со прошката на гревовите е едно од главните карактеристики на милосрдието, а ги поттикна сите присутни да се отворат за милостите и така да одат во пресрет на браќата.

Да се преобратиш значи „да ја промениш насоката на движење.“ Целата Библија е исполнета со повикот на преобраќање посебно пророците постојано го поттикнувале народот да „се врати кај Господ“, барајќи од него прошка и менувајќи го начинот на животот. Преобраќањето е првиот збор во Исусовото проповедање: Преобратете се и верувајте на Евангелието – тој бил Исусовиот силен повик. Во однос на пророците Исус уште повеќе ја истакнува потребата за внатрешно преобраќање во кое е вклучен целиот човек за да стане „ново создание“ – рече Папата додавајќи:

Кога Исус повикува на преобраќање тоа не го прави како судија, туку појдува од близината, од делењето на човечките судбини, од улиците, домовите, мензите… Исус со својата љубезност, со својата љубов го уверува народот и така покажува милосрдие. Со таквото постапување допирал до длабочината на срцата на луѓето кои ја чувствувале привлечноста на Божјата љубов и поттикот да го променат животот – рече папата Фрањо.

Матеј и Захеј двајца царинарници, двајца собирачи на данок кои се сметале за посветени на Рим и на неговото царство се два примера за Исусовата привлечност: почувствувале дека Исус ги љуби, а преку Исуса и Бог Отецот. Вистинското преобраќање се случува кога го прифаќаме дарот на милостите; а јасен знак за вистинско преобраќање е забележувањето на потребата на браќата и подготвеност да им одиме вопресрет – рече Папата.

Папата рече дека често чувствуваме потреба за длабока промена, чувствуваме дека животот кој го живееме нема да донесе плодови. Колку пати ни доаѓаат тие мисли, колку? А Исус покрај нас со испружена рака вели: „Дојди кај Мене. Јас ќе работам. Ќе го променам твоето срце, ќе го променам твојот живот, ќе те направам среќен.“ Веруваме ли во ова или не веруваме? Што мислите вие: верувате или не? – праша папата Фрањо.

Во нас Исус внесува немир кој поттикнува на промена на животот. Доволно е да ја отвориме вратата, останатото тој ќе го направи. Тој прави сè, но треба да се отвори срцето за да може да го оздрави и да може да нè води напред. Ви гарантирам дека ќе ќе бидете среќни. Тоа е завршниот повик на Папата кој во катехезата ја истакна силата на Исусовата љубов која човекот го поттикнува на преобраќање.

Упатувајќи ги поздравите на групите ходочасници посебно ги поздрави од медицинското училиште на француските вооружени сили од Брон; германските семинаристи од Ајхштат, волонтерите од Торино и пекарите на Сојузот на претприемачи. На нив им се заблагодари затоа што тие денови на ходочасниците им делеа леб. Да се дарува лебо,т да се прекршува лебот тоа е најубавата работа во животот – истакна Папата, а потоа ги поздрави ходочасниците од Фиренца на чело со кардиналот Беториј и здружението „Градот на децата“ по повод седумдесет годишнината од основање, а ги поздрави и другите присутни групи.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот