Папата: Каратеристика на црковниот дух е да мисли, да зборува и да делува како „ние“

Папата: Каратеристика на црковниот дух е да мисли, да зборува и да делува како „ние“

Oколу 10.000 верници собрани на светата Литургија на стадионот во Никозија, Папата ги поттикна да бидат обединети, да разговараат и заедно да одат; навестувањето не е прозелитизам туку сведочење, не е морализам кој суди, туку милосрдие.

Да одиме кај Исус за да оздравиме; заедно да ја делиме болката; и радосно да го навестуваме Евангелието – тоа треба, според зборовите на папата Фрањо да го научиме од Евангелието од денешната Литургија кое зборува за двајца слепи кои Исус ги оздравува. Во проповедта која ја одржа пред околу 10.000 верници, во текот на светата Литургија служена на стадионот (Pancyprian Gymnastic Association Stadium) во Никозија, на вториот ден од престојот во Кипар, Папата се осврна на нивното искуство поврзувајќи го со денешната реланост.

Светиот Отец пред сè истакна дека двајцата протагонисти од Евангелието се слепи, но го гледа она што е најважно: Го препознаваат Исуса како Месија Кој дошол на светот, Му веруваат и Го следат барајќи светлина за нивните очи. Освен тоа – додаде, ниту еден од нив не мисли на сопствената слепост, туку заедно бараат помош.

За папата Фрањо тоа е изразен знак на христијанскиот живот, каратекристика на христијанскиот дух: да мислиш, да зборуваш и да делуваш како „ние“, да излезеш од индивидуализмот и замисленоста на самодоволност од кои срцето се разболува. Не можеме сами да се соочиме со темнината – напомена, ако сами ја носиме својата внатрешна слепост, совладани сме. Напротив треба да стоиме еден покрај друг, да ја споделиме болката и заедно да се соочиме со патот кој е пред нас.

Пред секоја лична темнина и предизвиците кои се пред нас во Црквата и во општеството, повикани сме да го обновиме братството. Ако останеме поделени меѓу себе, ако секој мисли само на себе или на својата група, ако се не собираме заедно, не разговараме, не одиме обединети, не можеме целосно да оздравиме од слепилото – рече Папата.

До оздравување доаѓа кога заедно ја поднесуваме болката, кога заедно се соочуваме со проблемите, кога се слушаме и разговараме едни со други. Тоа е милоста на живеењето во заедница, разбирањето на вредноста дека сме заедница – напомена и ги поттикна верниците секогаш да бидат обединети, така да продолжат, и тоа со радост.

Папата Фрањо смета дека и ние денес во срцето ја носиме и сме како двајцата слепи патници често потопени во темнината на животот; затоа прво што треба да направиме е да отидеме кај Исус, да го прифатиме неговиот повик, да му се приближиме, уморни и оптеретени, за да се окрепиме. Сепак многу пати остануваме затворени во себе, сами во сопствената темнина, плачејќи над себе и прифаќајќи го лошото друштво на тагата, додека Исус напротив е лекар, вистинска светлина која го осветлува секој човек, Кој дава топлина, љубов и го ослободува срцето од злото.

Со взаемното делење на нивното страдање и нивното братско пријателство, двајцата слепци од Евангелието ни даваат нова поука – рече Папата и додаде, секој од нас на некој начин е слеп заради гревот кој нè спречува да Го видиме Бог како Отец, а другите како браќа. Тоа го прави гревот, ја искривува реалноста; ни дава да Го видиме Бог како господар, а другите како проблеми. Тоа е дело на искушувачот кој криво ги прави работите и настојува да ги прикаже во негативна светлина за да нè фрли во очај и горчина.

На крајот Папата го истакнуваат воодушевувањето на двајцата слепи затоа што оздравеле и радоста заради она што го доживеале во средбата со Исус, заради што не ја почитуваат препораката на никој ништо да не кажуваат и да не се шири веста за нивното оздравување. Повеќе од непослушност – според зборовите на Папата, треба да се распознае уште едно обележје на христијанинот: радоста на Евангелието која е незапирлива, го исполнува срцето и целиот живот на оние кои се среќаваат со Исус, ослободува од опасноста од интимна, сериозна и злокобна вера и воведува во динамизмот на сведоштвото.Тоа е радоста која папата Фрањо ја воочи и меѓу верниците присутни на стадионот. (…)

Потребни се просветлени, но најмногу сјајни христијани кои нежно го допираат свепилото на браќата; кои со гестови и зборови на утеха го палат светлото на надежта во мракот. Христијаните кои го сеат воскликот на Евангелието на суви полиња на секојдневието, кои внесуваат нежност во осаменоста на трпението и сиромаштвото – истакна папата Фрањо.

На крајот на светата Литургија на Црквата во Кипар Папата упати проштален поздрав, заблагодарувајќи се од срце за добредојденоста и наклонетоста која му е искажана. Овде на Кипар ја вдишувам она типична атмосфера на Светата земја каде антиката и разноликоста на христијанските традиции ги збогатуваат ходочасниците. Тоа е добро за мене – рече Папата, и добро е да се сретнеш со заедница на верници кои сегашноста ја живеат со надеж, отворени за иднината и кои тоа го делат со оние во најголема потреба.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот