Папата и момчето во дресот на Аргентинската репрезентација

Ватикан, 20.6.2013 /к.мк/ – На крајот од Генералната аудиенција во среда 19 јуни, додека папата Фрањо поминуваше меѓу верниците со папамобилот, повика едно момче со даунов синдром да влезе во папамобилот. Момчето облечено во дрес на Аргентинската фудбалска репрезентација веднаш го прифати повикот. Папата Фрањо му дозволи на момчето да седне на неговото седиште, што предизивика воодушевување кај мноштвото верници на плоштадот Свети Петар. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<