Папата: Исусовата Голгота продолжува и денес во рамнодушноста на општеството

Папата: Исусовата Голгота продолжува и денес во рамнодушноста на општеството

Младите учесници на 34 Светски ден на млади се молеа меѓу останатото за екуменизам, за мигрантите и бегалците, за мир и помирување, за екологија.

Одењето во страдањето и осаменоста на Синот Божји кон Голгота се продолжува и во нашето време, во голем број лица кои страдаат заради задоволниот и убивачката рамнодушност на нашето општество кое троши и кои се троши, кое занемарува и кое е занемарено во болката на своите браќа – истакна папата Фрањо во текот на Крстниот пат на брегот на Cinta Costera во Панама на кој учествуваа повеќе од 400.000 млади.

Младите учесници на 34 Светски ден на млади се молеа меѓу останатото за екуменизам, за мигрантите и бегалците, за мир и помирување, за екологија. Повторно го проживееја Исусовиот пат на страдањето и осаменоста кои за жал и денес се повторува во мигрантите, во жените на кои им е одземено достоинството, во младите лишени од надежта, старите кои се отфрлени, во децата на кои им е одземено детството, а неретко и правото на раѓање. Осврнувајќи се на тие фактите, Папата на крајот од Крстниот пат им се обрати на младите спомнувајќи ја исто така одговорноста на оние кои се сметаат за Господови пријатели.

Историјата се повторува и денес паѓаме во истото искушение: да бидеме пријатели во победата и во успехот, затоа што лесно е да се падне во културата на злоупотреба, вознемирување и заплашување; лесно е да се биде блиску до оној кој е популарен и кој победува – рече Светиот Отец и напомена, тоа е спротивниот пат на оној кој го прифатил Господ кој на крстот се поистоветува со сите страдања, прегрнувајќи ги оние кои често се сметаат за недостојни за прегратка, за нежност, благослов или уште полошо, не сме ниту свесни дека тоа им е потребно.

Така Крстниот пат на твојот Син продолжува во загушениот крик на децата на кои не им се дозволува да се родат и бројните други деца на кои им се негира правото на детството, на семејство, на образование; продолжува во злоупотребата, искористувањето и во напуштените жени лишени од нивното достоинство; во тажните татковци на младите кои заради недостатокот на образование и достојна работа ја губат надежта во иднината; во вознемиреноста на младите луѓе кои паѓаат во мрежата на бескрупулозни луѓе, мрежата на искористувањето, криминалот и злоупотребата – истакна Светиот Отец.

Колку луѓе на пример наместо солидарноста на општеството полно со изобилства, наоѓаат отфрленост, болка и беда – рече папата Фрањо и продолжи: Уште повеќе означени се и се однесуваат како кон договорени за целото зло во општеството; колкава е осаменоста која безволно ја поднесуваат напуштените и отфрлени стари лица; колку домородните народи се лишени од својата земја, корените и културата; колкав е крикот на нашата мајка Земја која длабоко е ранета од загадената атмосфера, неплодноста на полињата, нечистотијата во водата и која е газена со презир и со луда, неразумна потрошувачка. Тие драми продолжуваат во општеството кое ја загубило способноста за плачење и сожалување над болката. Исус продолжува да оди, да го носи товарот и да трпи со сите тие луѓе додека рамнодушниот свет лакомо продолжува да ја живее својата драма.

Размислувајќи за тоа море на болки, папата Фрањо се запраша каков е човековиот одговор пред Исус кој страда, оди, мигрира во лицата на голем број наши пријатели, голем број за нас непознати лица кои сме ги направиле невидливи и на присутните млади им ја даде за пример Марија, силна жена која знаела да ја придружува болката на својот Син; да Го поддржува со погледот и да Го штити со срцето. Како Марија Црквата сако да научи да каже „да“ на тврдоглавото трпение и креативноста на оние кои не се обесхрабруваат и тргнуваат одново кога изгледа дека сè е загубено. Во Марија ја учиме културата за да можеме да кажеме „да“ на оние кои не молчеле и не молчат пред културата на злоупотреба, дискредитирање и агресија и работа за да им пружат можност и услови за сигурност и заштита.

Посебно од Марија – продолжи Папата, можеме да научиме да ги прифатиме и примиме сите оние кои страдаат заради напуштеност, кои се принудени да ја напуштат или загубат својата земја, корените, семејството и работата. Како Марија сакаме да бидеме Црквата која ја поддржува културата способна да прифаќа, штити, промовира и интегрира; која не стигматизира и уште помалку ги генерализира со најапсурдна и неодговорна осуда за поистоветување на секој мигрант со носител на општествено зло.

Со очи полни со доверба и желба да го промениме светот, од Неа сакаме да научиме да стоиме под крстот и тоа не со затворени срца, туку со срце кое знае да придружува, кое ја познава нежноста и посветеноста; кое е сочувствително и постапува нежно со почит и разбирање.

Во текот на побожноста Светиот Отец меѓу останатото го спомна свети Оскар Ромеро и истакна дека гласот на мачениците секогаш ќе биде песна на надежта; болката на домородните народи; драмата на мигрантите и бегалците; жените кои се борат во темнината на злоупотрбата; жртвите на терористички напади; како и жртвите на абортусот. Сите присутни Папата на крајот ги потсети дека одењето со Исус секогаш е милост затоа што нè обврзуваат да живееме во верата и да Го познаваме; но е и „ризик“, затоа што Неговите зборови, гестови и дела во спротивности со духот на светот, со човечките амбиции и предлозите на културата на отфрлање и недостаток на љубов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот