Папата испрати порака до бискупите на Обединетото Кралство по повод Денот за животот

Папата испрати порака до бискупите на Обединетото Кралство по повод Денот за животот

Во пораката до бискупите на Обединетото Кралство, која ја испрати по повод Денот за животот, папата Фрањо бара да се моли за сите кои работат за да ја подржат вредноста и достоинството на секоја личност, и сака актуелната здравствена криза да ја зајакне културата на животот, пазејќи на заштитата на сите Божји деца, почнувајќи од најранливите.

„Избери живот“, е темата на овогодинешниот Ден за животот, годишна иницијатива која Бискупската конференција на Англија и Велс ја промовираат заедно со шкотски и ирски бискупи, за да го сензибилизираат јавното мнение на британските острови за значењето и вредноста на човечкиот живот во сите негови периоди и состојби. Денот за животот треба да се одбележи на 31 мај во Шкотска, 21 јуни во Англија и Велс, и 7 октомври во Ирска, но поради пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе биде одложен.

За оваа пригода, и оваа година, папата Фрањо прати порака која ја потпиша државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, а во која истакнува дека темата  „Избери живот“ е особено соодветна со оглед на 25 годишнината на енцикликата на Свети Иван Павле II „Evangelium vitae“, за вредноста и неповредливоста на човечкиот живот.

Папата во пораката, упатена до бискупот Џон Шерингтон, директор на Одделот за живот на Бискупската конференција на Англија и Велс, исто така бара да се моли за сите семејства, волонтери и здравствени работници кои, често херојски се заземаат во грижата и за олеснување на страдањето предизвикано од коронавирусот, како и за оние кои, додека продолжува и пандемијата на сиромаштво и војна, работат за да ја подржат вредноста и достоинството која Бог ја даде на секоја човечка личност. Пораката се завршува со желба сегашната здравствена криза да поттикне подобро разбирање на морална обврска на изградба на култура на животот, пазејќи на заштитата и промоцијата на целосната благосостојба на децата Божји, почнувајќи од најранливите.

Монс. Шерингтон од друга страна, во име на англиските и велшките бискупи, изрази благодарност за благословот на папата Фрањо кој го даде за таа иницијатива. Неговата порака ни дава надеж – истакна – и обновува заземање и делување за најосновниот човечки нагон, оној на заштита на таинство на животот во сите периоди. Оваа година пораката на Денот на животот е насочена за грижа на децата кои треба да се родат и трудниците – објасни вестминстерскиот помошен бискуп – за луѓето да го отворат својот ум и срцето за вистинскиот дар и чудо, а тоа е новиот живот во мајчиното крило. Бискупот, освен тоа, изрази благодарност на сите кои постојано работат за тој живот потполно да биде заштитен со закони.

Бискупската конференција на Англија и Велс, како секоја година, на интернет страницата Ден за животот  („Day for Life“) става на располагање разновиден материјал: молитви, информации за поддршка на мајките и нивните деца, и важни сведоштва на жените кои абортирале, како и на лицата кои на некој начин ги допре драмата на абортусот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот