Папата испрати парична помош за настраданите подрачја во Филипините

Да мислиме на Филипините, Виетнам и целиот регион зафатен од тајфунот Хајан. Ве молам бидете великодушни во молитвите и со конкретна помош, пишува папата Фрањо во својата твитер порака на 11 ноември. И самиот одлучи преку Папскиот совет Кор Унум да испрати прилог од 150 илјади долари за да му се помогне на населението во Филипини, погодени од тајфунот Хајан, кој минатата недела опустоши цели делови од оваа земја, а посебно се погодени островите Леите и Самар, а се претпоставува дека животите ги изгубија повеќе од десет илјади лица.

Паричната помош која ќе ја дели локалната Црква во деловите кои се најмногу погодени од невремето, ќе се употребат за помош на раселените лица во погодените, а тоа е прв и конкретен израз на духовна близина и татковска грижа на Светиот Отец со луѓето кои страдаат од последиците на невремето на Филипнините, објави Радио Ватикан.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот