Папата инсистира да се штити човековото достоинство

Папата инсистира да се штити човековото достоинство

На 28 октомври 2017 година, во Ватикан, папата Фрањо ги прими учесниците на конференцијата за меѓународно хуманитарно право, која овие денови се одржува во Рим.

Во својот говор се пожали на недоволната заштита на цивилното население во вооружените конфликти, додавајќи дека Светата Земја продолжува да се залага за ставање крај на сите вооружени сили. Папата потсети дека Светиот Престол ги ратификуваше двата дополнителни протоколи на Женевските конвенции од 1977 година, за да даде свој придонес во ублажувањето на последиците од вооружените конфликти.

Папата рече дека Светиот Престол посебно ја цени заштитата на цивилното население во вооружените конфликти, како и заштитата на хуманитарните работници и верските претставници, но и животната средина и културните добра. Но, нагласи дека има место за напредок, и тоа посебно во вториот дополнителен протокол кој ги обработува прашањата за заштитата на цивилите во вооружените конфликти, кои немаат меѓународен карактер. Светиот Отец рече дека и покрај обидите вредни за пофалба, по пат на таквите договори да се намалат негативните последици од воените конфликти за цивилното население, потребно е да се направи уште многу многу за тоа.

Папата истакна дека до нас од различни воени зони допираат сведоштва за страшни ѕверски злосторства, напади на луѓето и на нивното достоинство, кои се лишени од основното човештво. До нас допираат и вести за напади на културните добра, како и на болници и училишта со што на цели генерации им се одзема нивното право на живот, здравје и образование. Колку само цркви и други културни добра се цел на напади, посебно за време на литургиските славења, со голем број жртви меѓу верниците кои се собрале заради молитва, газејќи го така нивното основно право на верска слобода! – предупреди Светиот Отец.

Папата Фрањо рече дека постои опасноста, тие и слични вести да нè заситат и да нè направат нечувствителни и рамнодушни, намалувајќи ја во одредена мерка сериозноста на проблемот, и отежнувајќи ја така отвореноста и солидарноста за проблемите на другите луѓе. Потребно е затоа преобраќање на срцето за да се надмине рамнодушноста и да се покаже солидарноста која може да се претвори во ангажман за целокупното човештво кое страда.

Во исто време е охрабрувачко – продолжи Папата – да се видат многубројни изрази на солидарност и љубов кон ближниот кои недостасуваат во воените времиња. Постојат многу луѓе, многу каритативни и невладини организации внатре и надвор од Црквата, чии членови се грижат за ранетите и болните, кои ги погребуваат мртвите, им даваат да јадат на гладните, на жедните, ја задоволуваат жедта, и ги посетуваат затворениците. Помошта на оние кои се погодени од конфликтите во себе содржи повеќе дела на милосрдието врз основа на кои на крајот од нашиот живот ќе бидеме судени – рече папата Фрањо.

Светиот Отец посака таму каде што се наоѓаат дупките во меѓународното хуманитарно право, поединците да ја препознаат целата своја морална обврска да го почитуваат и штитат достоинството на секој човек поединечно. Тоа важи посебно за оние ситуации во кои посебно се изложени на ризици. Папата на крајот нагласи дека многу присутни се вбројуваат во оние кои го ризикуваат својот живот за да ги спасат другите. За нив и за сите останати кои се залагаат за ублажувањето  на страдањето важи она Исусовата: Што сте направиле за еден од овие мои најмали браќа, мене сте ми направиле!

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот