Папата именува нов секретар во Конгрегацијата за клерици

Светиот Отец на 8 јануари 2015 година го именува монс. Жоел Мерциер – досегашен службеник во Конгрегацијата за епископи – за нов секретар на Конгрегацијата за клерици. Монс. Мерциер е роден 1945 година во Франција. По започнатите студии во Сорбона, влегува во богословија. За свештеник е ракоположен 1970 година. На Папскиот универзитет Грегоријана се стекнува со докторат по Канонско право. Од 2002 година работи како службеник во Конгрегацијата за епископи, а 2005 година е именуван за капелан на Неговата Светост.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот