Папата изрази сочувство по повод смртта на кардинал Сарди

Папата изрази сочувство по повод смртта на кардинал Сарди

Папата изрази сочувство по повод смртта на 84 годишниот кардинал Паоло Сарди, кој по кратко боледување почина на 13 јули 2019 година во римската болница Џемели. Погребот на благопокојниот кардинал ќе биде во понеделник во ватиканската базилика

Благодарам на Бог за примерното сведочење на благопокојниот кардинал, кој најголем дел од својот живот го стави во служба на Светиот Престол – овие зборови на благодарност и признание папата ги посвети на кардинал Паоло Сарди.

Во телеграмата упатена до господин Пиетро Анџело Сарди, Папата своето сочуство го изрази и до бискупската заедница во Аквија и ја истакна теолошката стручност на кардиналот, неговите дарови на досетливост и мудрост, применети во марлива и дискретна работа, при што даде вреден придонес на учителството на свети Павле VI и Иван Павле I, свети Иван Павле II и Бенедикт XVI.

Мојата молитва се придружува на оние бројни верници кои секојдневно пристапуваа на олтарот на ватиканската базилика на кој тој славеше света Литургија. Секогаш верен на своето епископско мото: „Esto vigilans“ (Биди буден) беше добар и внимателен слуга – напиша на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Таг: Папата упати сочуство по повод смртта на кардинал Сарди

Клучни зборови: папа Фрањо, кардинал Сарди, сочувство

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот