Папата изрази сочувство и солидарност на јапонскиот народ

Папата изрази сочувство и солидарност на јапонскиот народ

Длабоко ожалостен од веста за загинатите и поврдените, кои настрадаа поради големит поплави во Јапонија предизвикани од обилните дождови, изразувам искрено сочувство со сите оние кои се погодени од таа трагедија – истакнува папата Фрањо во телеграмата до јапонскиот народ, која ја потпиша Државниот секретар кардинла Пиетро Паролин. Ветувајќи посебна молитва за покој на загинатите и брзо оздравуавње на ранетите, Папата на крајот ја изрази својата близина и охрабрување на граѓанските власти и сите кои се вклучени во активностите за спасување.

Во меѓувреме се зголемува бројот на жртвите настрадани во пплавите во Јапонија. Според владини извори 112 лица ги загубија животите, додека за повеќе од 80 лица се трага.

Ватиканњуз/к.мк

Таг: Поплави во Јапонија

Клучни зборови: папа Фрањо, телеграма, сочувство, Јапонија, поплави

Категорија: Uncategorized, Ватикан, Вести

За авторот