Папата изрази сочувство за жртвите од земјотресот и железничката несреќа

Папата изрази сочувство за жртвите од земјотресот и железничката несреќа

Папата Фрањо изрази сочувство на сите кои се погодени од земјотресот и поплавите во Тринидад и Тобаго, и на најблиските на загинатите во железничката несреќа во Тајван.

Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство по повод земјотресот и поплавите кои ја погодија Тринидад и Тобаго. Телеграмата со сочувство ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, а во неа Светиот Отец ја изразува молитвената поддршка на сите кои се погодени од таа елеметарна непогода. Папата сака да ги охрабри цивилните власти и итните служби кои помогаат во обновата и за сите го повика божествениот благослов на благодатите и силата.

Светиот Отец исто така изрази сочувство по повод железничката несреќа во Тајван. Папата покажува длабока тага заради спомнатиот случај и на сите погодени им загарантира сочувство и грижа. Спомнувајќи се во своите молитви на загинатите и на оние кои ги оплакуваат своите најмили, папата Фрањо го повикува божествениот благослов на оздравувањето, силата и мирот на повредените и на нивните сакани, како и на цивилните власти и на службите за спасување.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот