Папата изрази жалење за убиството на свештеникот во Конго

Папата изрази жалење за убиството на свештеникот во Конго

Поздравувајќи ги монасите од Редот на малите регуларни клерици на редовната Генерална аудиенција во среда 16 февруари 2022 година, Папата го спомна нивниот млад брат, отец Ричард Масиви, кој беше убиен во Демократска Република Конго по светата Миса, која ја служеше на Денот на посветениот живот.

Смртта на отец Ричард, жртва на неправедно насилство кое на секој начин треба да се осуди, нека не ги поколеба членовите на неговото семејство, неговото монашко семејство и целата христијанска заедница во таа земја да бидат предвесници и сведоци на добрината и братството, и покрај тешкотиите, следејќи го примерот на Исус Добриот Пастир, рече Папата.

Отец Ричард Масиви беше застрелан на 2 февруари од неидентификувани напаѓачи во Бусеса, Северен Киву.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот