Папата за Il Sole 24 Ore: Вистинските пари се создаваат со работа

Папата за Il Sole 24 Ore: Вистинските пари се создаваат со работа

Развивањето на солидарноста и создавање на нов економски поредок кој нема повеќе да произведува отпад, туку ќе ја збогатува економијата и ќе биде внимателен кон сиромашните и ќе ја намалува нееднаквоста.

За управувањето со економските и финансиските средства, за создавањето на нови работни места, почитувањето на животната средина, прифаќањето на мигрантите; а сѐ поврзано со етиката која треба да го штити човекот и да биде силен поттик за преобраќањето кое ни е потребно – зборуваше папата Фрањо во интервју за италијанскиот дневен весник „Il Sole 24 Ore.“

Недостасува свест за заедничкото потекло, за тоа дека човештвото има заеднички корени и иднина кој треба заедно да се гради – рече Папата. Таа основна свест би можела да овозможи развој на новите уверувања, новите ставови и начинот на живот. Етика која е „пријателка“ на човекот се стреми за надминување на крутите разлики помеѓу реалноста која оди по профитот и она обележана со механизмот кој не оди исклучиво по профитот, туку остава доволно простор за активност која го проширува т.н. трет сектор.

Денешната економија е онаа која „убива“ затоа што „човекот повеќе не е во центарот“, „само се покорува на парите“, „заработката станува главна и единствена цел.“ Така се градат „структури на сиромаштво, ропство и отпад“ – рече Светиот Отец и напомена: Во моментот центарот на финансиската активност во однос на реалната економија не е случајна; зад тоа е изборот на некој кој погрешно мисли дека со парите се создаваат парите. Парите оние вистинските се создаваат со работа. Работата е таа која на човекот му дава достоинство, а не парите. Невработеноста која мачи повеќе европски земји, е последица на економскиот систем кој повеќе не е способен да создава работни места затоа што центарот го ставил во идолот кој се вика пари.

На прашањето како претприемачот може да биде „создател“ на вредности за својата компанија и за другите, започнувајќи од заедницата во која живее и работи, папата Фрањо одговори потсетувајќи се колку е важно „вниманието кон конкретната личност“; тоа значи „на секој да му се даде она што му припаѓа“; „да се ослободат мајките и татковците на семејствата од вознемиреноста дека на своите деца нема да можат да им овозможат иднина, но и сегашност.“

Тоа значи да се знае да се управува, но и да се слуша споделувајќи заедно, понизно и со доверба, проекти и идеи – рече Папата и додаде: Тоа значи да се пронаоѓа начин работата да создава друга работа, одговорноста да создава друга одговорност, надежта да создава друга надеж, посебно за младите генерации на кои денес им треба повеќе од било кога. Верувам дека е важно заедно да се работи на градењето на општото добро и на нова похумана работа, да се промовира работа која го почитува човековото достоинство, која не гледа само на заработката и на производствените потреби, туку промовира достоен живот знаејќи дека доборото на човекот и доброто на компанијата одат рака под рака.

Светиот Отец во интервјуто меѓу останатото поттикна на „развивање на солидарност и создавање на нов економски поредок кој нема повеќе да произведува отпад, туку ќе ја збогатува економијата и ќе биде внимателен кон сиромашните и ќе ја намалува нееднаквоста.“ Потребна ни е „храброст и генијална креативност“ – нагласи папата Фрањо и рече: Поделбата и учеството во произведеното богатство, вклучување на компанијата во некое подрачје, општествена одговорност, корпоративен профит, еднакви плати за мажите и жените, усогласување на работното време и животниот век, почитување на животната средина, препознавање на важноста на човекот во однос на машаната, признание за праведни плати, способност за иновација, се важни елементи кои ја одржуваат во живот заедничката димензија на компанијата. Спроведување на целосен развој на повикот со внимание кон темите кои само што ги наведов – рече Папата.

Здравата економија „никогаш не е одвоена“ од значењето на она што се произведува и од економското делување, туку „секогаш“ е етички факт – рече Светиот Отец и помеѓу останатото рече: Ако ги одржуваме поврзани делувањето и одговорноста, правдата и профитот, создавањето богатство и неговата распределба, заземање и почитување на животната средина, тие стануваат елементи кои со тек на времето го гарантираат животот на компанијата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот