Папата за преобраќањето и обновата во Америка и светот

Папата за преобраќањето и обновата во Америка и светот

Верниците собрани на плоштадот Свети Петар од 10 часот наутро молеа света Бројаница по повод празникот на Пресвета Богородица од Гвадалупе која се објави во Мексико во 1531 година. Таа иницијатива ја промовира Папската комисија за Латинска Америка, а заврши со молитва Ангел Господов со Светиот Отец, кој потоа ги поздрави учесниците.

Во редовното обраќање по молитвата Папата отстапи од вообичаениот говор на италијански јазик и на шпански ги поздрави присутните од целиот американски континент и од Филипините.

Со овој чин се придруживте на сите кои од Алјаска до Патагонија секој 12 декември ја слават Света Марија од Гвадалупе. Пресвета Богородица од Гвадалупе и Хуан Диего нѐ поучуваат како да одиме заедно, од периферијата до центарот, во заедништво со наследниците на апостолите – епископите и така да бидеме Радосна вест за секого.

Ова искуство мора секогаш од ново да се повторува, на тој начин Бог Кој е заедништво ќе поттикне на преобраќање и обнова на Црквата и општеството кое толку му е потребно на Америка, но и во светот. Светиот Отец изрази радост и што со чин како овој започна подготовката за Гвадалупскиот јубилеј 2031 година и Јубилејот на Откупувањето 2033 година.

Во утринските часови верниците заедно споделуваа сведоштва и молеа света Бројаница на накана за најслабите и најзагрозените на континентот како и за надминување на последиците од пандемијата и за достоинството на сите луѓе. По молитвата поздрав упати претседателот на комисијата, кардиналот Марк Оуелет кој повика на посвета на Пресвета Богородица Гвадалупска.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот