Папата за Олимписки игри 2024: „Убавата прослава“ на спортот не смее да ги заборави последните

Папата за Олимписки игри 2024: „Убавата прослава“ на спортот не смее да ги заборави последните

Во пораката потпишана од кардиналот Паролин упатена до француските католици, папата Фрањо посака Олимпијадата во 2024 година да биде можност за дијалог меѓу народите и за „автентичен импулс на братство што на светот му е многу потребен“.

Олимписките игри, кои ќе се одржат во Франција во летото 2024 година, се „можност за длабоки и плодни средби меѓу луѓето од сите хоризонти, кои припаѓаат на различни народи, култури и религии“. Ова стои во пораката на папата Фрањо, потпишана од државниот секретар на Ватикан, кардинал Пиетро Паролин, упатена до „драгите католички пријатели во Франција“.

Великодушно гостопримство

Во пораката Папата зборува за „радост“, но и за „одговорност“ за пречекот на целиот свет на олимпискиот настан, затоа Светиот Отец ги повикува сите да се мобилизираат, повикувајќи ги и на „волонтерство“, за отворање на црквите, училиштата и домовите и пред се срцата. „Со бесплатноста и великодушноста на вашето гостопримство и вашата посветеност, ќе сведочите за Христос кој живее во вас и кој ви ја дава својата радост“, стои во пораката.

На светот му треба братство

На крајот, во пораката Папата посакува за време на оваа „убава прослава на спортот да не заборавиме да помогнеме во интеграцијата на лицата со посебни потреби, сиромашните или маргинализираните“ и се надева дека овие „Олимписки игри ќе бидат повод, преку спортот, да се даде автентичен импулс на братството што на светот многу му треба“. Завршувајќи ја пораката, Папата ги благослови организаторите, волонтери и оние кои ќе учествуваат во игрите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот