Папата за мигрантите: Да не ја затвораме вратата на нивната надеж

Папата за мигрантите: Да не ја затвораме вратата на нивната надеж

Во обраќањето до народот на плоштадот Свети Петар по молитвата Ангел Господов на 26 септември, Папата по повод Светскиот ден на мигрантите и бегалците повика на заедничко одење без предрасуди и страв.

Оваа година темата за Светскиот ден на мигрантите и бегалците е „Кон се поголемо „ние“. Папата затоа ги повика присутните на главниот ватикански плоштад на заедничко одење најранливите: со мигрантите, бегалците, раселените лица, жртвите на трговијата со луѓе и напуштените. Повикани сме да се гради поинклузивен свет кој никого не го исклучува, напомена Светиот Отец.

Се придружувам на сите оние кои овој ден го слават во целиот свет, рече Папата. Така на пример ги истакна верниците собрани во Лорето на иницијатива на Епископската конференција на Италија за мигрантите и бегалците. На плоштадот Свети Петар исто така имаше голем број заденици со своите знамиња, како што се претставници на проектот на италјанскиот Каритас „APRI“ и Канцеларијата за мигранти на Римската бискупија и центарот Астали. Ви благодарам за великодушната посветеност, им рече Папата.

Пред да замине од плоштадот, папата Фрањо ги повика присутните да се приближат на статуата посветена на мигрантите која прикажува голем број луѓе на чамец. Запрете го погледот на тие луѓе и во тој поглед забележете ја надежта на секој мигрант да започне да живее одново. Одете до таму, погледнете го споменикот. Не ја затворајте вратата на нивната надеж, рече Светиот Отец.

Папата во поздравот исто така изрази близина и солидарност со погодените заради ерупцијата на вулканот кај островот Ла Палма на Канарските острови. Посебно мислам на оние кои беа принудени да ги напуштат своите домови, порача Папата.

Светиот Отец потсети и дека денес во Болоња ќе биде воздигнат на чест на олтарот дон Џовани Форнасини свештеник и маченик. Ревносен парох во добрините, не го напуштил стадото во трагичниот период на Втората светска војна, туку го бранел со пролевање на крв. Нека неговото херојско сведоштво ни помогне силно да се соочиме со животните искушенија.

На крајот Папата ги поздрави Римјаните и ходочасниците посебно лаичкото движење Делата на Дон Орионе и претставнциите на родителите и децата во борбата против ракот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот