Папата за климатската криза: Треба да се ангажираме пред да биде премногу доцна

Папата за климатската криза: Треба да се ангажираме пред да биде премногу доцна

Во видео пораката упатена до учесниците на дигиталниот TED настан со наслов „Countdown“, организиран на глобално ниво за да се пронајдат брзи одговори, папата Фрањо истакна дека секој од нас може да го даде својот придонес.

Сегашниот економски систем не е одржлив. Се наоѓаме пред морален императив и итно е потребно практично разгледување на многу работи: како произведуваме, како трошиме; треба да размислиме за нашата култура на расипување, краткорочното планирање, искористувањето на сиромашните и рамнодушност кон нив, за сѐ поголемата нееднаквост и зависноста од штетните енергетски извори – истакна папата Фрањо во видео пораката упатена до учесниците на ‘Countdown’, дигитален TED настан организиран на глобално ниво со цел пронаоѓање на брзи одговори на климатската криза.

Зборувајќи за сегашниот тежок момент, за кризата заради пандемијата и социо-еколошките кризи, Папата напомена дека сето тоа нè става пред потребата за расудување што е важно, а што не е. Станува збор за одлуката дали сакаме да продолжиме да продолжиме да не го земаме страдањето на сиромашните и да го злоупотребуваме нашиот заеднички дом, Земјата или ќе се ангажираме на сите нивоа за да го промениме нашиот начин на постапување.

Откако истакна дека е итно потребно делување за да се избегнат катастрофите за кои зборуваат научниците папата Фрањо се осврна на економијата која – според неговите зборови, не може да се огрнаичи на производството и дистрибуција. Многу е потребно да се земе во предвид неговото влијание на животната средина и на достоинството на човекот.

Папата бара економија која сама по себе е креативна во методите, во начинот на делување и на учесниците во инцијативата им предлага патување на промени и делување со цел градење за следната деценија, свет во кој може да се одговори на потребите на сегашните генерации, вклучувајќи ги сите луѓе и не компромитирајќи ги можностите на идните генерации. Би сакал да ги повикам сите луѓе на верата, христијаните и другите и сите луѓе со добра волја, да тргнат на тој пат – рече Папата, да тргнат од својата вера или ако немаат вера од сопствената добра волја. Секој од нас – додаде, како поединци и членови на групи, семејства, верски заедници, претпријатија, здруженија, институции, може да дадат важен придонес. (…)

Светиот Отец истакна дека еден од начините за поддржување на тие промени е претпријатијата да се доведат кон итната потреба за ангажирање на целосна грижа за заедничкиот дом, исклучувајќи ги од инвестициите компаниите кои не ги забораваат мерилата за целосна екологија и се наградуваат оние кои се во таа транзициска фаза за конкретно ангажирање за да ги стават во центарот на своите активности параметрите како што се одржливост, општествена праведност и промовирање на општото добро.

Земјата треба да се обработува и да се грижиме за неа, да се негува и штити – рече Папата и истакна: Не можеме и понатаму да ја цедиме како портокал. И можеме да кажеме дека грижата за земјата е човеково право. Секој од нас може да ја извршува својата скапоцена улога, ако сите се придвижиме, и тоа денес. Не утре, туку денес. Бидејќи иднината се гради денес и не можеме да ја градиме сами како поединци, туку во заедница и во хармонија – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести
Ознаки Папа Фрањо

За авторот