Папата: За да го доживееме Божиќ, повторно треба да ја откриеме Божјата маленкост

Папата: За да го доживееме Божиќ, повторно треба да ја откриеме Божјата маленкост

Папата Фрањо во салата Павле VI. прими делегации од италијанските градови Сутрио и Росело и од Гватемала, кои донираа елка и две божиќнипештери за овогодинешниот Божиќ. Светиот Отец поттикна да размислуваме за важноста на тишината, која помага да се приближиме до Бога

За да се сретнеме со Исус, треба да дојдеме кај него каде што е, затоа, мора да се спуштиме, да станеме мали за да влеземе во шталата каде што се роди Синот Божји – ова е охрабрувањето што го испрати папата Фрањо, примајќи делегации од италијанските градови Сутрио и Росело и од Гватемала, кои донираа елка и две божиќни пештери за овогодинешниот Божиќ.

Дрвото и нашите корени

Откако изрази благодарност за божиќните подароци – со посебни мисли посветени на уметниците кои работат со дрво, децата од Росело и оние кои ја одгледуваа елката во расадникот во градот Палена – Папата зборуваше за елката и за божиќната пештера како два знака кои не престануваат да ги воодушевуваат децата и возрасните. Посебно нагласи дека, како на дрвјата, така и на луѓето им требаат корени.

Само оној што е вкоренет во добра почва останува цврст, расте, созрева, се спротивставува на ветровите што го тресат и станува упориште за оние што го гледаат. Но, без корен, ништо од тоа не се случува; без цврсти основи остануваме разнишани. Важно е да се зачуваат корените и во животот и во верата. Во таа смисла, апостол Павле нè потсетува на основата на која треба да се вкорени животот за да остане цврст: тој вели да останеме „вкоренети во Исус Христос“. Новогодишната елка не потсетува токму на тоа. Вкоренети во Исус Христос.

Божиќната пештера е вистинското богатство на Божиќ

Папата Фрањо потоа зборуваше за божиќните пештери, кои не потсетуваат како Бог стана човек за да биде близок со секој од нас. Благодарение на божиќните пештери, можно е повторно да се открие суштината на Божиќ.

Во своето вистинско сиромаштво, божиќната пештера ни помага повторно да го откриеме вистинското богатство на Божиќ и да нѐ исчисти од многуте аспекти што го загадуваат божиќниот пејзаж. Едноставна и семејна, божиќната пештера нè потсетува на Божиќ различен од консумеристичкиот и комерцијалниот: тоа е нешто друго; нè потсетува колку е добро да одржуваме моменти на тишина и молитва во нашите денови, кои често се опфатени од френетичка активност. Тишината го фаворизира размислувањето за Детето Исус, помага да се приближиме до Бога.

Папата затоа ги поттикна сите да станат мали за вистински да го запознаат Исус, да го откријат каде е роден. Емануел, Господ со нас.

Ако навистина сакаме да го славиме Божиќ, да го откриеме повторно, преку јаслите, изненадувањето и восхитувањето на маленоста Божја, која изгледа мала, не се раѓа во славата на изгледот, туку во сиромашна штала. За да го запознаеме, треба да стигнеме до него каде што е; треба да се спуштиме, да станеме мали, да ја оставиме сета суета, таму каде што е Тој. Молитвата е најдобриот начин да се заблагодариме за овој бесплатен дар на љубов, да му се заблагодариме на Исус кој сака да влезе во нашиот дом, кој сака да влезе во нашите срца.

Божиќна елка и јаслите

Новогодишната елка беше поставена на плоштадот Свети Петар на 17 ноември, а свечено е инаугуирана, заедно со јаслите во недела 4 декември 2022 година. Станува збор за новогодишна елка висока околу 26 метри, која пристигна од италијанската провинција Абруцо, од малото планинско гратче Росело. Како што информираат од регионалните власти, дрвото потекнува од расадник, а не од природни површини, а за сеча е избрана ела, која претставувала опасност поради близината до неколку објекти. Украсите се изработени од ученици од неколку училишта во Абруцо, баби и дедовци од домот за стари лица Свети Антониј во Борел и жители на установата за психијатриска рехабилитација Quadrifoglio. Божиќната пештера, направена целосно од дрво, доаѓа од Сутри, во провинцијата Удине, во Фриули-Венеција Џулија. Владата на Гватемала ја донираше Божиќната пештера поставена во салата Павле VI.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот