Папата замина од Јапонија

Папата замина од Јапонија

Папата Фрањо во вторник, 26 ноември 2019 година го заврши своето 32. Меѓународно апостолско патување при што ги посети Јапонија и Тајланд

По завршувањето на кратката проштална свеченост на аеродромот Токио – Ханеда во 11.43 часот по локално време (3.43 по средноевропско време) Папата влезе во авионот со кој отпатува за Рим. На римскиот меѓународен аеродром Фијумично авионот треба да слета околу 17.00 часот.

За време на својот осумдневен престој во двете азиски земји се одржани бројни средби, свечености, славења и сведочења. Папата го подигна гласот против ‘раните на злоставување и искористување на најмалите и најсиромашните“, предупреди на неморалноста на користење и поседување на атомско оружје и ги поттикна младите да ‘градат иднина темелена врз културата на братство’. Целиот свет го потсети на важноста од дијалог и улогата на религиите во процесот на изградба на праведна иднина во која повеќе ќе се почитуваат човековите права.

Кратко по полетувањето на авионот од Токио, папата Фрањо упати телеграма на јапонскиот цар Нарухиту со следната содржина: „На заминување од Јапонија искажувам длабока благодарност на вашето Величество, членовите на царското семејство и целиот јапонски народ за срдечното добредојде и великодушното гостопримство. Ви ги гарантирам своите молитви и молам за сите вас изобилен Божји благослов.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот