Папата: Животот е дар кој треба да се штити од зачнувањето до природниот завршеток

Папата: Животот е дар кој треба да се штити од зачнувањето до природниот завршеток

На 2 јуни 2018 година Светиот Отец ги прими во аудиенција членовите на Италијанската унија за борба против мускулна дистрофија, и изрази благодарност до оние кои за луѓето заболени од дистрофија и други невромускулни болести стануваат „зраци на надежта.“

Дарот на животот треба да се промовира, чува и штити од зачнувањето до природниот завршеток, а љубовта е најизразениот облик на евангелско сведочење, затоа што одговарајќи на конкретните потреби, ја покажува на луѓето Божјата љубов – рече папата Фрањо поздравувајќи ги членовите на Италијанската унија за борба против мускулна дистрофија, кои ги прими во аудиенција на 2 јуни 2018 година.

Надеж и љубов

Големиот број членови и волонтери на унијата, Папата ги нарече вистински зраци на надежта кои ги олеснуваат моментите на осаменост и малодушност, и охрабруваат во соочувањето со болеста мирно и со доверба. Да се биде со оние кои стрдаат, имено не значи да се загарантира пријателска помош во секојдневниот живот на пример со превоз, физикална терапија, домашни посети – рече Папата и објасни – туку значи телесната рехабилитација да се придружи со „духовна рехабилитација“, односно гестови на близина, за да не се борат само против телесните болки, туку и против моралното страдање заради напуштеноста и осаменоста.

Неискажаните проблеми на болниот

Бесплатност на услугите, професионалност и континуитет, се карактеристиките на делувањето на Италијанската унија за борба против мускулна дистрофија, чии членови кои– според зборовите на Папата – се сведоци на солидарноста и евангелската љубов, се одликуваат и со својата дискретност, верност, внимание, и подготвеност и делотворност, а исто така се способни да ги насетат и неискажливите проблеми на болниот. Вашата скапоцена работа навистина е посебен фактор за хумнизација – рече Светиот Отец. Благодарение на различните видови на услуги кои ги промовира и конкретизира вашето здружение, општеството станува повнимателно на достоинството на човекот и на неговите многубројни очекувања.

Исус нѐ научи да одиме во љубовта

Само ако ги сака другите и им се дарува, човекот целосно се остварува – истакна Папата. Делејќи го сѐ до смртта нашиот земски живот, Исус нѐ научи да одиме во љубовта, а тој е – додаде – најочевидната форма на евангелско сведоштво. Тоа е наследство кое низ вековите вдахнувало многу христијани, мажи и жени како и голем број свети свештеници.

Вежбална за животот, солидарноста и прифаќањето

Љубовта е изворот на вистинската среќа – рече потоа папата Фрањо истакнувајќи ја вредноста на божествениот дар на животот кој – како што рече – треба да го промовираме, чуваме и штитиме од зачнувањето до природниот завршетокот. Повикани сте да биде „вежбална“ за животот, најмногу за младите, давајќи го својот придонес во нивното воспитување во културата на солидарноста и прифаќањето, отворени за потребата на најслабите луѓе. Тоа се постигнува преку важната поука за трпењето; поука која доаѓа од болните луѓе кои трпат, и која не може да ја даде ниту една друга катедра – истакна папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот