Папата жали за жртвите од сообраќајната несреќа во Перу

Папата жали за жртвите од сообраќајната несреќа во Перу

Папата Фрањо испрати телеграма со соучувство по повод веста за сообраќајната несреќа во Перу во која загинаа 48 лица. Телеграмата со сочувство во име на Папата ја испрати Државниот ватикански секретар кардинал Пиетро Паролин. Трагедијата се случила минатиот вторник на Пан Американскиот автопат во реонот Серпентин де Пасамајо, северно од главниот град Лима, кога автобус излетал од патот и паднал во бездна.

„Ве молам – стои во телеграмата – да биде пренесена длабоката тага на Неговата Светост и утехата кон блиските, кои жалат за големата загуба, како и за неговата близина со повредените. Светиот Отец моли од Господ да ги обдари со плодови на духовното спокојство и христијанската надеж поделувајќи го од срце својот апостолски благослов”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот