Папата жали заради прекршувањето на примирјето помеѓу Ерменија и Азербејџан

Папата жали заради прекршувањето на примирјето помеѓу Ерменија и Азербејџан

На крајот од молитвата Ангел Господов на 11 октомври 2020 година папата Фрањо молеше за сите луѓе кои овие денови се во опасност поради судирите во Нагорно Карбах, каде примирјето се прекршува. Освен тоа Папата искажа близина со населението погодено од пожарите и несреќите, посебно на американскиот континент.

Папата искажа големо жалење на крајот од пладневниот говор поради кршењето на договореното примирјето помеѓу Ерменија и Азербејџан, договорено заради хуманитарни цели причини. Имено во сабота напладне започна примирјето, откако на 27 септември дојде до судири поради статусот на Нагорно Карабах. Папата изрази надеж за постигнување на мировен договор.

Бев многу задоволен за договорот за прекин на огнот помеѓу Ерменија и Азербејџан за хуманитарни причини, со повидок на постигнување важен мировен договор. И покрај тоа што примирјето е преслабо, го поттикнувам неговото одржување и искажувам сочувство заради загубите на човечки животи, заради страдањето, како и за уништените куќи и молитвени места. Молам  и повикувам на молитва за жртвите, за сите оние чиј живот е во опасност – рече папата Фрањо.

Светиот Отец искажа близина и со населението погодено од пожари кои беснеат на повеќе подрачја од планетата, како што е Западниот брег на Соединетите Американски Држави, посебно Калифорнија, како и централните делови на Јужна Америка, на подрачјето Пантанал во Парагвај, на брегот на реката Парана и во Аргентина. Папата своите мисли потоа ги упати посебни мисли до волонтерите и пожарникарите, кои ги ризикуваат своите животи при гасењето на пожарите. Многу пожари се предизвикани поради долготрајната суша, но има и такви кои се предизвикани од човек. Нека Господ помогне на сите оние кои страдаат од последиците на тие катастрофи и нека нѐ направи да бидеме внимателни за зачувување на создаденото – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот