Папата е длабоко ожалостен за смртта на мигрантите од Салвадор

Папата е длабоко ожалостен за смртта на мигрантите од Салвадор

Бискупите на Соединетите Американски Држави се придружија на папата Фрањо изразувајќи тага за смртта на таткото и неговата двегодишна ќерка, салвадорски мигранти, кои се удавија обидувајќи се да ја преминат реката Рио Гранде од Мексико во САД

Привремениот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Алеснадро Џизоти,  во соопштение до јавноста, кое беше упатено на 26 јуни 2019 година истакна дека Папата е длабоко ожалостен за смртта на таткото и ќерката од Салвадор, при што додаде дека Папата се моли за нив и за сите мигранти кои ги изгубиле своите животи, бегајќи од војни и беда.

Се придружуваме на Светиот Отец папата Фрањо во неговата незимерна тага – стои во заедничкото соопштение на кардинал Даниел Н. ДиНардо, претседател на Епископската конференција на САД, и Жо С. Васкез, претседател на Советот за миграција на спомнатата конференција, откако ја видоа сликата со безживотните тела на таткото и ќерката.

Епископите од владата на САД побараа да се слушне крикот на сиромашните и ранливите. Тие исто така предупредија на лошите услови и пренатрупаност во пограничните центри, во кои се сместени деца на мигранти, истакнувајќи дека тоа е неприфатливо за било која личност во притвор во САД, а уште помалку такво нешто може да се прифати кога се работи за деца, кои се посебно ранливи.

Не може да се користат такви услови како средство за одвраќање. Можеме и мораме да останеме земја која нуди прибежиште на децата и семејствата кои бегаат од насилстват прогонства и екстремното сиромаштво – стои во изјавата на американските епископи, кои на крајот истакнуваат дека е можно и неопходно да се води грижа за безбедноста на децата мигранти и безбедноста на граѓание на САД:

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот