Папата: Ерусалим е свет град за евреите, христијаните и муслиманите

Папата: Ерусалим е свет град за евреите, христијаните и муслиманите

Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на 6 декември 2017 година, повика да се почитува статус кво во Ерусалим во согласност со соодветните резолуции ООН.

Светиот Отец рече дека Ерусалим му е во мислите и дека не може да ја премолчи длабоката загриженост заради ситуацијата која е создадена во последните неколку денови. Зборовите на Папата се реакција на најавите на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. Арапските водачи предупредија дека тој потег на американскиот преседател ќе предизвика немири и ќе биде поттик за насилство.

Опишувајќи го Ерусалим како единствен град кој е свет за евреите, христијаните и муслиманите, кои во него ги почитуваат светите места на своите вероисповеди, Светиот Отец рече дека тој град има посебно послание за мир. Се молам на Господ – рече на крајот папата Фрањо – идентитетот на Ерусалим да биде сочуван и зацврстен за доброто на Светата Земја, Блискиот Исток и целиот свет, и мудроста и разбирањето да завладеат за да се избегне додавање на нови елементи на тензии во светот кој веќе го потресуваат голем број сурови конфликти.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот