Папата: Единствената титула е во служењето на ближните

Потполна отвореност кон служењето на ближните е единствена наша почесна титула“, истакна Светиот Отец на светата Литургија со новите кардинали во базиликата Свети Петар.

По Мојсеевиот закон, лепрозните мораа да живеат надвор од заедницата како нечисти. Освен страдањето кое го поднесуваа биле комплетно исклучени од општеството. Целта на тоа правило било да се чуват здравите, „да се заштитат праведните“. За да се постигне тоа, со болните се постапувало немилосрдно, објасни Папата.

Исус го менува таквиот затворен менталитет; не го прекинува Мојсеевиот закон, туку го исполнува. Исус ги лечи лепрозните и повторно ги вклучува во заедницата; на Исус му е важно да се спасат тие што се далеку, да се лечат болните, да се вратат сите во Божјето семејство. Поради тоа некои се вознемирува, но Исус не се плаши од такви скандали и сака да ги спаси тие кои се „надвор од трлото“, истакна папата Фрањо.

Лечејќи ги лепрозните, Исус не му штети на здравиот, туку го ослободува од стравот; не го загрозува, туку му дава брат. Тоа значи дека „љубовта не може да биде неутрална, стерилна, рамнодушна, млака или непристрасна. Љубовта е заразна, побудува, ризикува и вклучува. Вистинската љубов секогаш е незаслужена, неверојатна и бесплатна“. Таа логика е патот на Црквата: барање на оние што се далеку и бесплатно споделување на она што и самите бесплатно го примивме.

Ве поттикнувам да ѝ служите на Црквата на таков начин, на начин на кој христијаните, поттикнати од вашето сведоштво, нема да бидат во искушение да се оттргнат од Христа, станувајќи затворена каста. Ве поттикнувам да му служите на Распнатиот Исус во секоја личност која е маргинализирана, од било која причина; да го видите Господ, присутен дури и во оние кои ја имаат изгубено верата или престанале да ја живеат или пак во оние кои се изјаснуваат атеисти. Нема да го пронајдеме Бог, ако веродостојно не ги прифатиме маргинализираните! Во евангелието на маринализираните се пронаоѓа и открива нашата веродостојност, истакна на крајот од проповедта Светиот Отец.

РВ/В.Н.

 

Категорија: Ватикан

За авторот