Папата: Евангелизацијата се живее одејќи со народот

Папата: Евангелизацијата се живее одејќи со народот

Светиот Отец ги прими во аудиенција учесниците на Генералниот капитул на конгрегацијата Мисионери на свети Карло кој се одржува на тема „Средба и одење. Исус одеше со нив“ и им го предаде говорот во кој ги поттикнува секогаш да пронаоѓаат нови патишта за евангелизација.

Носете ја Христовата љубов со храбар и истраен апостолски занес, на сите кои далеку од татковината и семејството, би можеле да се почувствуваат далеку и од Бог – е поттикот на папата Фрањо кој го упати во напишаниот говор предаден на членовите на конгрегацијата Мисионери на свети Карло. Светиот Отец ги прими по повод нивниот XV редовен Генерален капитул кој од 9 октомври до 4 ноември се одржува на тема „Средба и одење. Исус одеше со нив.“ Потпирајќи се на приказната за учениците од Емаус, Папата во говорот бара да се пронаоѓаат секогаш нови начини за евангелизација и близина и тоа во служба на мигрантите.

Одејќи со народот, ставајќи се во став на слушање

Пред денешната многу опсежна и повеќеслојна миграциска појава, папата Берголио потсетува на пророчкото сведоштво на блажен Џовани Батиста Скалабрини кое е  – како што рече – многу актуелно, и напомена дека денешното послание на Мисионерите на свети Карло се врши во тешки прилики, понекогаш обележани со сомнежи и предрасуди, ако не дури и со одбивање од странците. Заради тоа е важно да се слушаат луѓето, да се слушаат приказните од заедниците; најмногу разочараните надежи, срцата кои очекуваат и искушенијата на верата затоа што – како што истакна Папата – евангелизацијата се остварува одејќи со луѓето.

Колку приказни се наоѓаат во срцето на мигрантот! Убави и лоши. Постои опасноста тие да се заборават – рече Папата и додаде – Нормално е да се заборават лошите, но се забораваат и убавите, затоа што сеќавањето на нив им донесува страдање. Така мигрантот може да стане искоренет човек без лице, без идентитет. А тоа е многу голема загуба која може да се избегне со слушање, одејќи со поединците и заедницата на мигранти.

Достоинство и навестување

Мисионерите на свети Карло денес во светот ги има околу 700, доаѓаат од околу 40 различни земји, а делуваат во 34 земји. Посебно внимание посветуваат пред сѐ на достоинството на човечкото битие, посебно таму каде тоа најмногу е рането и каде е во опасност. Во говорот кој го предаде на сите присутни Папата ги потсетува дека условот на секое пслание во Црквата е единството со Христос како прачката со лозата, затоа што поинаку – како што напоменува – завршува само во „општествен активизам.“

Да се живее заедништвото во различноста

Светиот Отец на крајот потсети колку е важно да се препуштиш, Исус жив во Словото и во Евхаристијата да нѐ обнови во верата и надежта, како и да се негува живот во заедница, едноставен но не безвреден, просечен, правејќи притоа заедништво во различноста. На крајот Папата ги охрабри монасите да продолжат да соработуваат со лаиците, сочувајќи се заеднички со денешните предизвици и да водат грижа за трајната формација.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот