Папата: Евангелието на животот во срцето на Исусовата порака

Папата: Евангелието на животот во срцето на Исусовата порака

Папата Фрањо во катехезата на Генералната аудиенција повторно го истакна апелот кој свети Иван Павле II пред 25 години го упати во енцикликата „Evangelium vitae“: Почитувај, брани, љуби и служи му на животот. Секој човечки живот треба храбро да се промовира затоа што секој живот има непроценлива вредност.

Поминаа 25 години откако токму на 25 март светиот папа Иван Павле II ја објави енцикликата „Evangelium vitae“ за непобитната вредност на човечкиот живот. Папата Фрањо на тоа потсети на самиот почеток на катехезата на Генералната аудиенција во среда 25 март 2020 година која се одржа претладне во библиотеката на Апостолската палата, со намера повторно – како што рече, со обновено уверение да го истакна апелот кој тогаш го упати светио Иван Павле II.

Вредноста на животот во центар на Евангелието

Осврнувајќи се на Евангелието од денешната Литургија кое зборува за навестувањето на ангелот на Марија, папата Фрањо ја истакна врската помеѓу навестувањето и „евангелието на животот“ и напомена дека денес кога таа поука повторно ја истакнуваме во контекст на пандемијата која му се заканува на човечкиот живот и на светскта економија, уште повеќе се бара она што се кажува во тој текст односно – истакна Папата – дека „евангелието на животот се наоѓа во срцето на Исусовата порака“ (бр. 1) и дека должност на Црквата е да го навестува тоа насекаде и во секое време.

Како секое евангелско навестување и тоа треба пред сè да се сведочи со благодарност мислам на тивкото сведоштво на големиот број луѓе кои на различни начини се жртвуваат служејќи им на болните, старите луѓе, на оние кои се сами и сиромашни – додаде Светиот Отец. Сите тие се ставаат во пракса на евангелието на животот, како Марија која заминува да ѝ помогне на роднината Елисавета.

Животот е секогаш личност од крв и месо

Животот кој треба да го штитиме не е некој апстрактен поим, туку секогаш е личност од крв и место – истакна Папата и додаде: Дури зачнатото дете, сиромавиот ставен на работ на општеството, осамена и обесхрабрена болна личност или она која е смртно болна, човекот кој ја загубил работата или не успева да најде, одбиен или гетоизиран мигрант… Животот конкретно се покажува во луѓето.

Нови напади на достоинството на животот

Бог сака секое човечко битие да ја ужива полнотата на животот. Заради тоа Црквата силно ја чувствува секоја закана на достоинството и животот – рече Папата и додаде: Заштитата на животот за Црквата не е некоја идеологија, туку реалност, човечка реалност која ги вклучува сите христијани затоа што се христијани, но и затоа што се човечки битија. Нападите на достоинството и на животот на луѓето продолжува, за жал и во оваа наше време, кое е време на универзалните човекови права; уште повеќе се наоѓаме пред нови закани и нови ропства, а законодавствата секогаш не се насочени на заштитата на најслабиот и ранливиот живот.

Ангажирање за животот на културен план

Зборовите од енцикликата „Evangelium vitae“ се актуелни повеќе од било кога, исто така без оглед на кризата – истакна папата Фрањо. Ангажирањето во корист на животот треба затоа да биде постојано. Станува збор за тоа да се делува на културно и воспитно подрачје за идните генерации да им се пренесе склоноста кон солидарноста, грижата, прифаќањето, добро знаејќи дека културата на животот не е исклучиво наследство на христијаните, туку припаѓа на сите кои трудејќи се околу градењето на братските односи, ја препознаваат вредноста на секој човек, па и тогаш кога таа е слаба и кога трпи.

Развојот и мирот се постигнува само ако се почитува животот

Секој човечки живот има непроценлива вредност; секој живот вреди за себе, и тоа треба секогаш храбро да се проповеда со зборови и дела – напомена Папата и со обновено уверение повторно го истакна апелот кој свети Иван Павле II го упати до сите пред 25 години: „Почитувај, брани, љуби и служи му на секој човечки живот! Само на тој пат ќе ја најдеш праведноста, развојот, вистинската слобода, мирот и среќата!

Нека Марија ни помогне да го кажеме нашето „ДА“ на Бог

Поздравувајќи ги после катехезата италијанските верници, Папата ги охрабри сите на доверба во Божјото милосрдие и во великодушноста кон ближниот, посебно во оваа време на несигурности. Денес на празникот Благовест ги доверувам сите на Мајката Исусова и наша Мајка. Нека она која го кажала тоа „ДА“ во Назарет ви помогне секој ден да го кажувате вашето „да“ на Господ кој ве повикува да го прифатите и наследувате во сите конкретни ситуации во кои се наоѓате. Нека Бог ве благослови – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот