Папата дo богопосветените лица: Не плашете се од обновување

„Не плашете се да ги оставите „ старите мевови“ и оние навики и структури во животот на Црквата и богопосветениот живот, кои не одговараат повеќе на она што Бог го сака денес за воспоставување на Царството Божјо во светот“: тоа го рече Папата пред учесниците наПленарното собрание на Институтите за богопосветен живот, кои во четврток 27 ноември 2014 годинабеа на аудиенција во Ватикан.

Тоа се „оние структури кои навидум нѐ заштитуваат и го условуваат динамизмот на милосрдието; навиките кои нѐ оддалечуваат од стадото за кое сме испратени и нѐ спречуваат да го слушнеме лелекот на оние што ја исчекуваат Благата вест на Исус Христос“, истакна Папата.

Денес можеме да најдеме „слаби области“ и во богопосветениот живот, рече Папата, а како пример конкретно го посочи: „отпорот на некои сектори кон промената, слабеењето на силата на привлекување и оние кои го примиле и потоа напуштиле богопосветениот живот“. Неопходна е „добра селекција на кандидатите и нивното формирање, со оглед дека секој човек претставува една тајна“, истакна папата Фрањо. Исто така слаби области се и „слабоста на некои програми за формација, тежината на институционалните обврски за сметка на духовниот живот, тешкото интегрирање во културните разлики и на новите генерации, проблематичното урамнотежување при управувањето и користењето на богатствата“.

„Загрижен сум и за сиромаштијата – додаде Светиот Отец. Свети Игнациј од Лојола вели дека сиромаштијата е мајка и потпорен ѕид за богопосветениот живот. Мајка, бидејќи дава живот и ѕид, бидејќи заштитува од секуларното“.

Папата Фрањо ги посочи, конкретно и „ориентирачките критериуми“ за богопосветените: „евангелската основа за секој избор, верноста кон харизмата, приоритетот на служењето, вниманието кон сиромашните и слабите, почитувањетона достоинството на секој човек“. Но, најважно е молитвата:

„Ние сме посветени да му служиме на Господ и на ближните со Божјото Слово. Потсетувајќи ги новите богопосветени лица дека молитвата, обожавањето и фалењето на Бог не е губење време. Ако ние, богопосветените, не се молиме и не се заблагодариме на Бог, тогаш виното станува оцет“.

На крајот, Папата потсети дека Пленарното собрание се одржува во пресрет на Годината на богопосветениот живот и повика: „Да побараме од Господ да ни помогне во оваа Година да ставиме „ново вино во нови мевови“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот