Папата до членовите на Фондацијата Арше: Вашето прифаќање на луѓето во неволји е знак на надеж

Папата до членовите на Фондацијата Арше: Вашето прифаќање на луѓето во неволји е знак на надеж

Вашите структури нека бидат места каде се живеат блискоста и нежноста – рече папата Фрањо во четврток 2 септември на претставниците на италијанската фондација Арше, волонтерска установа која ги придружува мајките со деца во неволји, но и жени мигрантки кои „на своето тело носат драматични искуства.“

Сѐ што е живот, сѐ што е убаво, добро и вистинито доаѓа од Бог кој е љубов, како што од срцето и утробата на една мајка доаѓа човечкиот живот, и како што од срцето и утробата на Мајката излезе Исус кој е Љубов и која стана човек – истакна Папата.

Искуството на членовите на Фондацијата Арше и прифаќањето на овие луѓе имаат животни приказни и конкретни лица, а тоа – според Папата – значи и проблеми, тешкотии, напор… Но, во исто време значи и радост кога гледаат дека солидарноста ја отвора вратата за слободата, повторното раѓање и достоинството.

Затоа, Папата им се заблагодари за ова и им даде благослов да продолжат да работата сѐ додека Господ сака. Тој, исто така, изрази благодарност за скорешното отворање на нова куќа во Рим. Нека биде место каде што ќе се живее Божјиот стил, а тоа е близината, нежност и сочувство; структура која е секогаш во служба на народот, а не обратно – посака Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот