Папата до фрањевците: Прегрнете ги „малите“ во нашето време

Папата до фрањевците: Прегрнете ги „малите“ во нашето време

Отворете ги срцата и прегрнете ги „малите“ во нашето време: така папата Фрањо се обрати на 400 членови на Фрањевското семејство од првиот и третиот ред, кои ги прими во аудиенција на 23 ноември 2017 година, во салата Клементина во Апостолската палата

„Ви благодарам за тоа кое сте го направиле и кое го правите, посебно за сиромашните и за обесправените,“ рече папата Фрањо, упатувајќи го својот поздрав до сите браќа фрањевци во целиот свет, наречени „мали браќа“, по волјата на свети Фрањо и логиката за откажувањето од сите земни богатства и целосно предавање на Бог. Папата препорача да бидат „мали“ во заедницата со Бог, „мали“ со сите мажи и жени“ и „мали“ со созданието.

Папата ја објасни смислата на фрањевската „маленкост“: тоа пред сè е „местото за средба и заедница со Бог:“ „За свети Фрањо човекот не поседува ништо друго освен сопствениот грев, и тоа е она што има вредност пред Бог,“ рече папата Фрањо. „Затоа бидете пред Бог како деца: смирени и верни, свесни за својот грев.“

Папата Фрањо предупреди за опасноста од „духовна гордост“, својствена за фарисеите, која е „најтешка од световното однесување.“ Тоа што е неопходно – објасни папата Берголио – е „духовноста да му се дава на Бог“, според логиката на евангелскиот дар, кој ни пмага да излеземе од себе си, за да се сретнеме со другите и да ги примиме во нашиот живот.“ Односно, „да се избегне однесување на супериороност.“

„Тоа значи да се искоренат лесните предрасуди за другите и злосторството меѓу браќата и сестрите – објасни Папата, цитирајќи ги предупредувањата во духовниот правилник на фрањевците. Значи да се отфрли искушението искористување на власта за потчинување на другите; да се „плаќат“ услугите кои им ги правиме на другите, додека нивните услуги кон нас да ги сметаме за задолжителни; да ги одалечиме од нас гневот и срамот на гревот и бремето.

Папата ги потсети браќата фрањевци, дека „без мислордието не може да се постигне ниту братство, ниту „маленкост“, а „ако праведноста ги признава правата на секој, тогаш милосрдието ги претвора тие права во братство и заедница. Важни се не правата кои ги имате, туку браќата кои ги примате со почит, разбирање и милосрдие – рече папата Фрањо. Важни се браќата, а не структурите.

„Поканети ги во вашиот живот малите во нашето време: сите кои живеат на егзистенцијалната периферија, лишени од достоинството и од Евангелската светлина,“ повика Папата: маргинализираните, жените и мажите кои живеат на улиците, парковите или на станиците; илјадниците невработени, млади и возрасни, многубројните болни, кои немаат пристап до здрвствените институции, многубројните напуштени постари луѓе; малтретирани жени кои бараат достоинствен живот…“

На крајот папата Фрањо повика на „маленкост“ на средбата со созданието.

„Созданието е како сестра со која го споделуваме постоењето, и како една убава мајка, која нè зема во своите прегратки,“ рече Папата цитирајќи го свети Фрњо. „Таа наша мајка и сестра се бунтува, затоа што се чувствува малтретирана. Пред глобалниот пад на животната средина, како чеда на Сиромавиот ве повикувам да влезете во дијалог со целото создание, давајќи го својот глас за пофалба на Творецот.“

Тоа ќе биде возможно, ако се надминат „економските пресметки и неразумната романтика, и секогаш мислејќи на блиската врска која постои меѓу сиромашните и кревкоста на планетата, помеѓу економијата, развојот, грижата за созданието и сиромашните.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот