Папата до учесниците на Младифест: Не се обесхрабрувајте, насочете го својот поглед кон Марија!

Папата до учесниците на Младифест: Не се обесхрабрувајте, насочете го својот поглед кон Марија!

Папата Фрањо упати порака до учесниците на 32 Меѓународен молитвен фестивал Младифест во Меѓугорје кој официјално започна во недела 1 август. Како што пишува Светиот Отец таа средба според искуството на многумина има сила да нѐ упати кон Господ. На средбата се присутни повеќе од десет илјади млади од сите страни на светот.

Повикувајќи се на овогодинешното гесло на Младифест: „Учителе добар, какво добро треба да направам“ (Матеј 19,16). Папата истакна дека Евангелието не го спомнува името на богатото момче кое на Исус му го поставува тоа прашање. Тоа значи дека може да го претставува секој од нас.

Тој освен што поседува многу добра изгледа образовен и убаво воспитан и поттикнат од здравата грижа која го води во потрага по вистинската среќа, односно во живот во полнина. Од таа причина тој тргнува на пат за да го сретне Учителот кој е меродавен, веродостоен и доверлив. Таков авторитет пронаоѓа во личноста на Исус Христос и затоа и го прашува: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?” (Марко 10,17) пишува Светиот Отец. Господ на тоа прашање му одговара со противпрашање: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен единиот Бог! (ред 18) На тој начин Исус го насочува кон Бог, кој е единствено и врховно Добро од кое ни доаѓа секое друго добро.

За да му помогне да пристапи на изворот на добрината и вистинската среќа, Исус му го назначува првиот чекор кој е потребен да го направи, имено да научи да прави добро на ближниот, нагласи Папата. Момчето пак одговара дека тоа отсекогаш го правел и сфатил дека почитувањето на заповедите не е доволно за да биде среќен. Господ го препознава копнежот за полнота кој момчето го носи во срцето и неговата здрава грижа која го поттикнува на барање; заради тоа кон него чувствува благост и наклонетост, пишува папата Фрањо.

Освен тоа, Исус ја препознава и слабата точка на својот соговорник кој отсекогаш е наврзан на многу материјални добра кои ги поседува. Затоа, додава Папата Господ му предлага друг чекор, а тоа е премин од логиката на „заслуги“ во логиката на дарот. Исус го менува гледиштето: го повикува на размислување за тоа како да ја обезбеди вечноста, на целосно дарување на себе во овоземскиот живот, наследувајќи го така Господ. Тоа е повик на понатамошен раст, премин од логиката на вршењето на прописите за да се добие награда, на безусловна и целосна љубов. Исус бара да го остави она што го отежнува срцето и пречи на љубовта, пишува Папата.

На крајот Исус предлага трет чекор, а тоа е наследувањето: „Дојди и врви по мене! Да се следи Христос не ез агуба, туку непроценлива добивка, им напоменува Папата на младите, додека откажувањето на кое сме повикани се однесува на пречките кои пречат на патувањето. Меѓутоа на богатото момче срцето му е поделено, помеѓу двајца господари: Бог и богатството. Заради стравот од ризик и од загубата на добрата се враќа дома тажен. Момчето не се двоумел да постави важно прашање, но не нашол храброст да го прифати одговорот, а тоа е повик да се „разврзе“ од себе и своето богатство за да се „поврза“ со Христос и да оди со Него и да ја открие вистинската радост.

Папата на младите учесници во Меѓугорје им порача дека и нив Исус ги повикува да одат по Него. Имајте храброст да ја живеете својата младост доверувајќи се на Господ и одејќи со него. Дозволете да бидете освоени од неговиот поглед кој е полн со љубов и кој нѐ ослободува од заводништвото на идолите и од лажното богатство кое ветува живот, но донесува смрт. Не плашете се да го примите Христовото Слово и да го прифатите неговиот повик. Не се обесхрабрувајте како младото момче од Евангелието; наместо тоа насочете го својот поглед кон Марија, нашиот голем пример за наследување на Христос и доверете и се, која со зборовите „еве ја слугинката Господова“ безусловно одговорила на Божјиот повик, повика Папата.

Драги млади на вашето патување со Господ Исус кое е вдахнато и на овој фестивал, ве доверувам сите на заговорот на блажена Дева Марија нашата небесна Мајка повикувајќи ја светлината и силата на Светиот Дух. Нека секојдневно ве следи погледот на Бог кој ве сака за да се сретнете со другите би можеле да бидеме сведоци на новиот живот кој сте го добиле за дар. За тоа се молам и ве благословувам, барајќи и вие да се молите за мене, стои на крајот од пораката на папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот