Папата до семинаристите: Семинаријата е место за молитва, учење и заедништво

Папата до семинаристите: Семинаријата е место за молитва, учење и заедништво

Три се аспектите кои ја карактеризираат семинаријата и четирите однесувања кои дијацезантскиот свештеник не смее да ги занемари за да не падне во изопаченост на клерикализмот и во крутоста која сокрива големи проблеми. За тоа им зборуваше папата Фрањо на членовите на Папската регионална семинарија „Фламинио Бенедикт XV“ од Болоња.

Токму во седмицата кога на 13 декември, слави 50 годишнина свештеничка служба, папата Фрањо, на 9 декември 2019 годин имаше прилика да зборува за убавината на свештеничкото звање, разговарајќи со членовите на Папската регионална семинарија „Фламинио Бенедикт XV“ од Болоња, по повод 100 годишнината од нејзиното основање по желба на светиот Пио X.

Тим, како што ги нарече претставниците на „Добриот Пастир среде својот народ“ на патот на подготовката за свештенство, папата Фрањо зборуваше за нивното место на раст, за семинаријата, предупредувајќи ги на три идентификациски аспекти: Семинаријата е куќа на молитва, учење и заедништво. Тие  се димензиите на трансверзалните карактеристики, бидејќи молитвата е соединување со Бог и со ближниот во Бог; учењето е лично, но не е индивидуално; а заедништвото е човечка отвореност, но и свештеничкото заедништво – објасни Папата. Зборувајќи пак за димензиите на братството Папата на однапред подготвениот говор го додаде размислувањето за близината со Бог, со епископот, со свештениците и со народот; сите тие за дијацезанскиот свештеник се премногу потребни фактори.

Во контекст на денешната дехристијанизација, семинаристите се повикани да бидат евангелизатори со силна вера. Оние кои повеќе се изложени на ладниот ветер на недоумицата или верската рамнодушност треба во личноста на свештеникот да пронајдат цврста вера која е како факел во ноќта и како карпа за која можат да се фатат. Таа вера се негува најмногу во личниот однос, срце со срце, со личноста Исус Христос. Семинаријата е – рече Папата, пред сѐ куќа на молитвата во која Господ ги повикува „своите“ на едно одвоено место, за да го доживеат силното искуство на средбата и слушањето. (…)

Вториот аспект кој ја карактеризира семинаријата е учењето. За да се воспитува за жива и свесна вера, каква треба да биде верата на еден пастир, освен што е привилегирано средство за мудри и научни спознанија, учењето исто така е средство на поделено знаење. Обврската за учење и во семинаријата несомнено е лична, но не и индивидуална. Еден од начините на кои се станува дел од свештенството – според зборовите на Папата, е исто така заедничкото учествување на предавањата и учење со колегите во семинаријата. (…)

Третата димензија на семинаријата е во тоа што таа е куќа на заедништвото, а и таа има трансверзална карактеристика затоа што поаѓа од отвореноста кон другите, но поприма облик на презвитерско заедништво околку водството на епископот. Пасторалната љубов на свештеникот не може да биде веродостојна ако не и претходи и ако не ја придружува братството и тоа најпрво помеѓу семинарстите, а потоа меѓу свештениците – истакна Папата.

Осврнувајќи се токму на поимот „братство“, Папата истакна, додавајќи на однапред подготвениот говор колку за дијацезанските свештеници е важна „близината“ која – како што рече, веќе делумно ја покажува, но сака повторно да ја истакне. Близината со Бог, близината со епископот и со свештениците. Тоа е нешто заради кое трпам, кога ќе видам разделени свештеници кога се еден против друг или пак кога сите се љубезни, а потоа се озборуваат еден со друг – рече Папата. Тоа не значи дека не може да се разговара; се разговара, се разменуваат идеи, но љубовта е таа која обединува. Четврта близина е близината на Божјиот народ. Не заборавајте од каде доаѓате и дека Господ ве избрал – поттикна Папата.

Ако недостасува една од тие близини, свештеникот не функционира и ќе полека ќе се лизне во изопаченоста на клерикализмот или во суровото однесување. Каде има клерикализам, има расипаност, и каде има крутост под неа се тешки проблеми – рече папата Фрањо и посакувајќи им на присутните богослови да станат радосни навестители на Евангелието, ги довери на Дева Марија за да знаат со нејзина помош секој ден се повеќе да го откриваат богаството, скапоцениот бисер кој е Христос.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот