Папата до свештениците и монашките заедници: Вашиот умор треба да произлезе од способноста за сочувство

Папата до свештениците и монашките заедници: Вашиот умор треба да произлезе од способноста за сочувство

Идентитетот на свештениците и богопосветените лица, духот на служење, културата на средба – се некои од темите за кои папата Фрањо зборуваше на 5 септември 2019 година во катедралата во Мапуто, пред бискупите, свештениците, монасите, монахињите и богословите, на кои им ја предочи Марија како пример која потполно се надева на Господ.

Црквата во Мозамбик не може да биде дел од проблемот на меродавност, презир и поделби едни со други, туку треба да се биде како врата кон решението, простор во кој се можни почит, меѓусебна размена и дијалог – рече Папата на средбата со бискупите, свештениците, монасите, монахињите, богопосветените лица, богословите, катехистите и аниматорите, одржана во катедралата во Мапуто. Тоа е трет јавен настан од Апостолското патување во Мозамбик, после средбата со претставниците со власта, граѓанското општество и Дипломатскиот кор, и после меѓурелигиската средба со млади.

Дали ни се допаѓа или не, повикани сме да се соочиме со реалноста, таква кава што е – рече Папта и предупреди дека наместо да се навестува Радосната вест, се навестува нешто сиво што не привлекува и не разгорува ничие срце. Се осврна и на кризата на свештеничкиот идентитет и рече дека можеби е потребно да се излезе од важните и свечените места. Мораме да се вратиме на местата на кои сме повикани, на кои е очигледно дека иницијативата и моќта доаѓааат од Бог. Свештеникот е најсиромашен човек ако Исус не го забогати со своето сиромаштво; тој е најбескорисен слуга, ако Исус не го повика за пријател (…) најнезаштитен меѓу христијаните, ако Добриот Пастир не му помогне во неговото стадо. Никој не е помал од свештеникот, кој е препуштен само на своите сили.

Споредувајќи ги Захрија и Марија во моментот на навестување за раѓање на дете, папата Фрањо истакна дека Захарија не може да ја избегне грижата и да провери сѐ, не може да се ослободи од чувството дека е одговорен за она што ќе се случи. Марија не се сомнева, не мисли на себе, се препушта, се надева – истакна Папата и додаде дека е заморно да се живее однос со Бог како Захарија, применувајќи секогаш правила, секогаш да се мисли на тоа дали платата е соодветна на вложениот труд, дека е моја заслуга ако Бог ме благословува, дека Црквата треба да ги признае моите крепости и моите напори… Не можеме да одиме за она што се преправа во лични благодати, нашиот умор треба, напротив да биде поврзан со нашата способност за сочувство – истакна папата Фрањо.

За обнова на повикот – според зборовите на Папата – често пати е потребно да се провери дали го имаат нашиот умор и дали нашите грижи се поврзано со одредена „духовна монденост“. Да се обнови својот повик значи да се избере и да се каже ‘да’ и да се измориме од она што е плодно во Божјите очи, она што прави да биде присутен Неговиот Син – напомена Папата и изрази надеж дека младите, заслепени од радоста на секојдневното дарување, но и ненаметнато, туку созреано, и во тишина и молитва ќе го кажат своето ‘да’.

Обраќајќи се посебно на оние кои се прашуваат, или се на патот до конечно посветување на Бог, Папата рече дека можат да сфатат дека загриженоста и брзината на бројните поттици кои нѐ бомбардираат ни го одземаат внатрешниот простор на тишина во кој се чувствува Исусовиот поглед и се слуша неговиот глас. Напротив, барајте простори на мир и тишина која ќе ви овозможи да размислувате, молете, подобро да го видите светот кој ве опкружува. Тогаш заедно со Исус ќе може да го откриете својот повик на оваа земја – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот