Папата до свештениците: Грижа за народот и против клерикализмот

Папата до свештениците: Грижа за народот и против клерикализмот

Помазуваме валкајќи ги рацете и допирајќи ги раните, гревовите и вознемиренстите на народот.

Не сме само делители на мирото, туку помазани за да ги помазуваме на другите – им рече папата Фрањо на свештениците на светата Литургија за посвета на миро во базиликата Свети Петар која ја служеше на Велики четврток, 18 април 2019+ година, осврнувајќи се на Евангелието според Лука за пророштвото на Исаија кое Исус го применува на Себе, читајќи го свечено пред својот народ. Назаретската синагога била полна со роднини, соседи, познаници, пријатели, па и противници. Сите Него Го гледале. Црквата своите очи секогаш ги држи свртени во Исус, Помазаникот Кој Духот Го испраќа за да го помаза Божјиот народ.

Евангелието често ни ја претставува сликата за Господ среде мноштвото, опкружен и притиснат од луѓето кои му донесуваат болни, Го молат да истера зли духови, Го слушаат Неговото учење и одат со Него – рече Папата и истакна: Господ никогаш не го загубил тој директен контакт со луѓето, секогаш ја одржувал благодатта на близината со луѓето во целина и со секој лично среде тоа мноштво. Тоа го гледаме во Неговиот јавен живот, а така било и од почетокот; сјајот на Детето ги привлекува на пастирите, мудреците и на луѓето како Симон и Ана. Така било и на крстот; Неговото срце сите ги привлекува кај Себе (Иван 12, 32): Вероника, Киринеецот, разбојниците, стотниците.

Изразот „мноштво“ не е погрден – рече Светиот Отец, можеби во нечие уво мноштво може да звучи како безимен и неодреден куп. Но, во Евангелието гледаме дека кога мноштвото делува заедно со Господ кое во него е како пастир, тоа се преобразува. Во душата на луѓето повторно се буди желбата да Го следат Исус, да расте восхитот и длабоко да размислуваат.

Лука вели дека мноштвото „го бараа“ (Лк 4, 42) и Го „следи“ (Лк 14, 25), „притиска“, „опколува“ (Лк 8, 42-45) и „многу народ доаѓаше да Го слуша“ (Лк 5, 15) – рече папата Фрањо и продолжи: Тоа што луѓето Го следеле ја надминува секоја пресметка, Го следеле безусловно, со многу љубов. Тоа е во спротивност со ситничавоста на учениците чиј однос кон луѓето граничи со суровоста кога Го советуваат Господ да ги отпушти за да побараат нешто за јадење. Овде започнал клерикализмот; со таа желба да си ја обезбедат храната и својата удобност не грижејќи се за луѓето. Господ го прекинал тоа искушение и рекол: „Дајте им вие да јадат!“ (Мк 6, 37) Исусовиот одговор бил: „Грижете се за народот!“

Друга благодат која мноштвото ја добива кога Го следи Исус е восхит исполнет со радост – рече Папата и додаде: Луѓето Му се восхитувале на Исус,“ (Лк 11, 14) и на Неговите чуда, но пред сè на Неговата сопствена личност. Луѓето многу сакале да Го поздрават на улицата, сакале да ги благослови и да Го благословуваат, како жената која среде мноштвото ја благословила Неговата Мајка. Господ пак од своја страна бил восхитен од верата на луѓето. Тоа го радувало и не пропуштал прилика тоа да го истакне.

Третата благодат која луѓето ја примаат е расудувањето. „Но народот, штом разбра – тргна по Него“ (Лука 9,11). „Народот се чудеше на Неговото учење, зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт.“ (Матеј 7, 28-29; Лк 5,26). Христос Словото Божјо кое се овоплоти во луѓето ја предизвикува таа харизма за расудување – рече Светиот Отец и објасни: Секако тоа не е расудување на стручњаци за спорни работи. Кога фарисеите и закониците се расправале со Него, она што луѓето го препознале била Исусовата власт; силата на неговата наука која можела да влезе во срцата и фактот дека злите духови Му се покорувале, уште повеќе за момент ги оставал без зборови оние кои се занимавале со подмолни дијалози, а луѓето уживале во тоа.

Лука укажува на четири големи групи кои се приматели на Господовото помазание: сиромашните, заробените, слепите и угнетуваните – рече папата Фрањо. (…)

Сиромашни се оние кои се наведнати како просјаци, кои се наведнуваат за да молат – рече Папата и истакна: Но сиромашна е и вдовицата која со своите прсти помазува две парички кои биле сè што имала тој ден за живот. Помазувањето на таа вдовица за да даде милостиња останува незабележано од очите на сите освен на Исус кој благонаклоно гледал на нејзината маленкост. Со неа Господ може во целост да го изврши своето послание за навесување на Евангелието на сиромашните. Радосната вест е во тоа што нејзините дела во Царството Божјо вредат повеќе отколку сите богатства на овој свет, а таа тоа го живее во себе како многу светци.

Слепците се претставени во слепиот просјак Вартимеј (Марко 10,46-52) кој повторно прогледал и од тогаш имал очи само за да Го следи Исус – рече Светиот Отец и додаде: Тоа е помазание на погледот! Тоа е нашиот поглед на кој Исусовите очи можат да му го вратат сјајот – кој може да го даде само бесплатната љубов, оној сјај кој секојдневно ни го крадат интересни или банални слики со кои нè преплавува светот.

За да ги претстави угнетените Лука го користи изразот кој го содржи зборот „траума“ – рече папата Фрањо и објасни: Тоа е доволно да се потсети на параболата за Добриот Самарјанин (Лука 10,34) кој ги помазува раните на човекот со елеј, кој бил полумртов и лежел на улица. Тоа е помазанието на ранетото Христово тело! Во тоа помазание е лекот за сите рани кои луѓето, семејствата и цели народи ги исклучуваат, ги прават излишни и отфрлени.

Што се однесува до заробениците се мисли на воените заробеници, а Исус го користи изразот кој се однесува на заробеништвото и одведувањето од Ерусалим во ропство (Лк 21,24) – рече Папата и потсети: Денес градовите се заробени од идеолошката колонизација. Единствено помазание на нашата култура која е обликувана со работата и уметноста на нашите предци може да ги ослободи нашите градови од тие нови облици на ропство. Драги браќа свештеници не смееме да заборавите дека тие луѓе, тоа мноштво кое Господовото помазание го дига и оживува се наши евангелски примери. Они се тие кои помазанието на Светиот Дух во нас кои сме помазани за да помазуваме, го прават реално. Тие се сликата на нашата душа и на Црквата. Секој од нив овоплотува единствено срце на нашиот народ.

Ние свештениците сме, просјакот и сакаме да имаме срце како сиромашната вдовица кога даваме милостина, ја допираме раката на просјакот и го гледаме во очи – рече Светиот Отец и продолжи: Ние сме Вартимеј и секое утро треба да станеме и да молиме: Господи повторно да прогледам (Лука 18, 41). Ние свештениците во некој момент сме ранети од својот грев и од разбојниците, сме полумртви. Сакаме да бидеме први кои ќе бидат меѓу сочувствителните раце на добриот Самарјанин за да можеме со своите раце да им искажеме сочувство на другите.

Не сме делители на миро од шишето – рече пата Фрањо и истакна: Помазуваме делејќи се себе, своето звање и своето срце. Додека помазуваме повторно сме помазни од верата и љубовта на својот народ. Помазуваме валкајќи ги рацете и допирајќи ги раните, гревовите и вознемиреностите на народот. Помазуваме така што нашите раце започнуваат да мирисат на нивната вера, надеж, верност и великодушност без резервно.

Оној кој ќе научи да помазува и да благословува, оздравува од ситничавоста, злоупотребата и суровоста. Да молиме за Отецот небесен во нас да ја обнови силата на Светиот Дух и да даде да се здружиме во молитвата за Неговото милосрдие за народот кој ни е доверен и за целиот свет. Така мноштвото собрано во Христос може да стане единствен верен Божји народ, кој ќе се здобие со својата полнота во Царството Божјо – заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот