Папата до редемптористите: Приврзаноста на сопствената сигурност го спречува делувањето на Светиот Дух

Папата до редемптористите: Приврзаноста на сопствената сигурност го спречува делувањето на Светиот Дух

Поттикнете длабока обнова која е способна да ги промени срцата и структурите за секогаш подобро да одговараме на потребите на посланието и служењето на најсиромашните. Таа е клучната мисла на папата Фрањо во говорот кој им го врачи на редемптористите, собрани во Рим на Генерален капитул.

Поздравувајќи ги 140 присутни редемптористи, Светиот Отец воедно упати поздрав до сите мисионери кои живеат во 85 земји во кои делува Конгрегацијата на Светиот Спасител, посветени лица и лаици, членови на тоа семејство кое го основа свети Алфонсо Мариа де Лигуори. Папата им се обрати спонтано без подготвен текст. (…)

Ве поттикнувам да се осмелите, имајќи го како граница единствено Евангелието и учителството на Црквата. Не плашете се да одите по нови патишта, да разговарате со светот, во светлина на вашата богата традиција на морална теологија. Не плашете се да ги извалкате рацете во служба на оние во најголема потреба.

Спомнувајќи го потоа убавиот израз од нивната Конституција – „расположеност“, папата Фрањо ја истакна расположеноста за соочување со секое искушение за на сите да им го донесете Христовото откупување и расположеност за повторно размислување за харизмата во светлина на знаците на времето, посебно во овој единствен историски момент во кој – како што пишува, Црквата и посветениот живот имаат можност да се обноват за со креативна верност да одговорат на Христовото послание. Станува збор за обнова која бара преобраќање на срцето и умот, но и промена на структурите.

Понекогаш е потребно да ги разбиеме старите амфори, наследени од нашите традиции кои донеле многу вода, но сега ја исполниле својата функција. Да ги разбиеме нашите садови полни со чувства, културни обичаи, животни приказни, не е лесна задача, болна е, но е потребна ако сакаме да пиеме нова вода која доаѓа од изворот на Светиот Дух, изворот на секоја обнова. (…)

Само останувајќи во заедништво со Бог, може да се донесе плод. За денес да се води Конгрегација потребна е понизност, единство, мудрост и расудување; токму тоа Папата го посака на новата централна власт, потсетувајќи дека секогаш Господ е Оној Кој делува, а ние сме само негови слуги. Тие кои ја присвојуваат должноста за водство поради личен интерес, не Му служат на Господ Кој им ги изми нозете на учениците, туку на идолите на световноста и себичноста – истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот