Папата до претприемачите: Политиката и економијата мора одлучно да се стават во служба на животот

Папата до претприемачите: Политиката и економијата мора одлучно да се стават во служба на животот

На 14 март, папата Фрањо го прими здружението „Душа за општествено деловни вредности (Anima per il sociale nei valori d’impresa), непрофитна организација која ги обединува претприемачите фокусирани на ширење на културата на корпоративна општествена одговорност и одржливост на економско, социјално и еколошко ниво. Како што рече Папата, економијата мора да биде послободна од моќта на финансиите; глобализацијата мора да се „менаџира“ на таков начин што глобалното не би било на штета на локалното.

Зборот „душа“ во името на здружението, основано во 2001 година, е многу сложено, рече Папата. Таа предлага реалноста која не е видлива, но одвнатре ја поттикнува и иницира работната средина.

Пазејќи ја целта насочена кон општото добро, неопходно е политиката и економијата, во постојан дијалог меѓу себе, решително да се стават во служба на животот, човечкиот живот и животот на целото создание, нашиот заеднички дом, рече Папата. По финансиската криза во 2007 и 2008 година, иако имаше позитивни реакции, светот во суштина продолжи да владее според застарени критериуми, рече Папата. Да не зборуваме за геополитичко-воената сфера, додаде тој, каде што различните регионални војни, особено тековната војна во Украина, покажуваат дека оние кои управуваат со судбините на народите сè уште не ја сфатиле лекцијата од трагедиите од дваесеттиот век.

Економијата мора да биде послободна од моќта на финансиите

Вие, кои во најголем дел ја претставувате реалноста на малите и средни претпријатија, добро знаете колку е тешко во овој контекст да се развиваат и отвораат работни места во согласност со етичките вредности и општествената одговорност. Но, не смееме да се обесхрабриме и да бидеме малодушни, нагласи Светиот Отец.

Некои мислат дека етичките и социјалните критериуми се како „кафези“ кои ја убиваат слободата и економската креативност. Во реалност е сосема спротивно, или барем би можело да биде. Ако сакаме светот во иднина да биде вселив и достоен за човекот, економијата мора да биде послободна од финансиите на моќта и покреативна во потрагата по форми на производство фокусирани на целата екологија, така што економијата е конкретна, а не во „течна“ или „гасовита“ состојба, како што може да биде со финансиите. Глобализацијата мора да се „менаџира“ на тој начин што глобалното нема да биде на штета на локалното, туку двете димензии да бидат во доблесен и плоден однос, рече папата Фрањо.

Градењето нова економија, со почитување на човечкото достоинство и животната средина, може и мора да започне од дното, рече Папата, истакнувајќи дека веќе има многу такви искуства кои треба да се пренесат и разменуваат.

Грижете се за сопствената душа

За крај, Папата како бискуп даде еден совет: ако сакате да бидете „душа“ во деловниот свет, не занемарувајте ја грижата за сопствената душа, онаа што ни доаѓа од Бога. За да успееме во тоа мора да се спротивставиме на искушенитето наречено ативизам – кој понекогаш ја уништува човечката внатрешност – и најдете време за набљудување, размислување, контемплација. Заради оваа причина здружението може да биде корисно и со предлози. Но, како што нагласи римскиот бискуп, тоа е пред се лична потреба. Секој, ако сака да придвижува, анимира, мора да дозволи одвнатре да го анимира доброто, убавото и вистинитото. За тоа сведочат италијанските претприемачи кои знаеле да го зголемуваат не само профитот туку и животот, квалитетот на животот, квалитетот на работата, со слобода и креативност затоа што имале просветлена совест. Тоа води во „поезија“. Човечката работа имено е да се твори поезија – рече на крајот папата фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот