Папата до Премонстратензијците: Економските одлуки нека бидат во служба на социјалната правда

Папата до Премонстратензијците: Економските одлуки нека бидат во служба на социјалната правда

Сеќавајќи се на 900-годишнината од основањето на опатијата во Премонтре, која беше основана на Божиќ 1121 година, папата Фрањо им зборуваше на редовните каноници за важноста во монашките заедници да се донесуваат одлуки според критериуми кои го поддржуваат посланието и служење на сиромашните; идолопоклонството на парите нè оддалечува од првотниот повик.

Премонтре, мало место на северот на Франција, стана работилница во каде се обликуваше пра-заедницата на Премонстратензискиот ред, по првата исповед на свети Норберт и неговите први придружници, на Божиќ 1121 година – потсети папата Фрањо на средбата во четврток, 22 септември 2022 година, со редовните премонстратензиски каноници, една година по 900-годишнината.

Време е за размислување

Историјата на монашките заедници – објасни Папата – честопати нагласува одредена тензија помеѓу основачот и делото што тој го основал. Ова е добро – додаде тој – затоа што, кога нема тензија, основачот зема се со себе и институтот умира со основачот. Според тоа, тензијата дава, монашката заедница, да расте.

Свети Норберт бил мисионер, патувачки проповедник и како бискуп на Магдебург, планирал евангелизација на границите на тогашната германска империја. Потоа беа основани други опатии и манастири на заедницата, кои се подготвуваат да ја прослават 900-годишнината од основањето. Папата затоа ги поттикна присутните да размислат како мисионерската харизма на Свети Норберт може да се реализира во стабилни заедници врзани за одредено место.

Помеѓу добри намери и бесрамни грешки

Присуството на некои заедница на сестри или браќа е како светилник во околната средина. Сепак, луѓето знаат и дека монашките заедници не секогаш целосно одговараат на животот на кој се повикани – истакна Папата и ги охрабри: Конкретното христијанско искуство е составено од добри намери и грешки, како и започнување секогаш одново. Не се срамете од тоа! Тоа е начинот.

Важноста на преобраќањето

Не залудно ветуваат дека ќе водат живот на преобраќање и заедништво, бидејќи – како што истакна Папата – без преобраќање нема заедништво, а токму тоа повторно започнување и преобраќање во братство, е јасно сведоштво на Евангелието, повеќе од многу проповеди.

Предност на гостољубивата мисија

Откако ја истакна јавната и достапна карактеристика на славењата во црквите од премонстратензискиот ред, и истакнувајќи дека верниците и минувачите се добредојдени и вклучени во молитвената заедница, Папата рече дека културата на братскиот заеднички живот, во која постои исто така простор за лична молитва, е основата на вистинското „мисионерско гостопримство“ чија цел е да гарантира дека „странците“ стануваат браќа и сестри.

Во реалноста, во духот на харизмата

Редовните каноници се мисионери затоа што, во духот на нивната харизма, тие секогаш се трудат да поаѓаат од евангелието и конкретните потреби на луѓето. Народот не е апстракција; се состои од луѓе што ги познаваме, заедница, семејства, поединци со конкретен лик, кои се поврзани со опатијата или манастирот, бидејќи живеат и работат во истата област. Папата затоа поттикна длабок дијалог. Да се има способност културно да се интегрираме во народот и да разговараме со луѓето, а не да го негираме народот од кои сме произлезени, тоа е харизма што ни помага постојано да влегуваме во реалноста – истакна Папата.

Мисионерскиот занес во премонстратензиската куќа се претвора во конкретни одлуки на општествено, економско и културно поле – забележа Светиот Отец и истакна: Но, економската активност служи на посланието и остварување на харизмата, таа никогаш не е цел сама по себе. Кога економската активност преовладува во монашката заедница, дури и во бискупијата, и сè продолжува, веднаш се заборава што кажа Исус: дека не може да се служи на двајца. (…) Идолопоклонството на парите нè оддалечува од нашиот вистински повик – предупреди меѓу другото Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот