Папата до Православниот Синод: Да одиме заедно за да им помогнеме на браќата да го видат Исус

Папата до Православниот Синод: Да одиме заедно за да им помогнеме на браќата да го видат Исус

Треба да одиме заедно со силата на сеќавањето. Не се работи за сеќавање на злото кое е претрпено и нанесено, за осудите и предрасудите кои нѐ затвораат во магичен круг и предизвикуваат стерилно однесување, туку за сеќавање на корените.

Воскресението Христово е срцето на апостолското навестување кои го пренесувале и чувале нашите Цркви – рече папата Фрањо на првиот ден од својата посета на Романија за време на средбата со патријархот Даниил и Светиот Синод на Романската Православна Црква. Дојдов како поклоник, сакајќи да го видам лицето Господово во лицата на браќата и гледајќи ве вас, ви благодарам за гостопримството – рече Папата. Поврзаноста во верата која нѐ обединува потекнува од апостолите, сведоци на Воскреснатиот посебно на врската која ги обединувала Петар и Андреј кој според традицијата ја донел верата во овие краишта – браќа по крв тоа биле на уникатен начин и во пролевањето на крвта за Господ.

Тие нѐ потсетуваат на братството по крв кое низ вековите како тивка река никогаш не престанало да го натопува и поддржува нашиот пат – рече Папата и потсети: Сте ја искусиле смртта и воскреснието на многу синови и ќерки на својата земја, на различни Цркви и христијански заедници кои поднеле прогонства и доживеале воскресение. Тие се пример за нас и за новите генерации кои не ги запознале тие тешки прилики. Тоа што го претрпеле и ги дарувале своите животи е скапоцено наследство кое не смее да се забрави и обесчести. Тоа е заедничко наследство кое нѐ повикува да не се одалечуваме од браќата со кое го делиме.

Треба да се оди заедно со силата на сеќавањето – рече Светиот Отец и објасни: Не се работи за сеќавање на злото кое е претрпено и нанесено, за осудите и предрасудите кои нѐ затвораат во магичен круг и предизивикуваат стерилно однесување, туку за сеќавање на корените. Во првите векови Евангелието станало светло на новите народи и култури. Мачениците, светите оци и исповедниците на верата и светоста сега го делат истото во небото. Благодарение на Бог нашите корени се здрави и цврсти. Сеќавањето на патот кој заедно сме го поминале нѐ охрабрува да продолжиме кон иднината свесни за различностите, но пред сѐ во делувањето на милостите во семејна атмосфера која треба повторно да се открие, во сеќавањето на заедништвото кое треба да се оживее.

Потребно е да се оди заедно слушајќи Го Господ – рече папата Фрањо и продолжи: Пример ни е Господ Кој им се придружи на учениците на патот кон Емаус. Тие расправале за тоа што се случило, за своите сомнежи и прашања, а Господ внимателно ги слушал и разговарал со нив помагајќи им да ги сфатат и распознаат настаните. И ние треба да Го слушаме Господ во ова време кога светот доживува брзи општествени и културни промени. Од технолошкиот развој и економската благосостојна многумина искористија, но повеќето се исклучени заради глобализацијата која ја искорени вредноста на народот, ја ослаби етиката и заедништвото, го рашири стравот и предизвика затвореност и омраза. Не смее да нѐ заведе културата на омраза и индивидуализам која и понатаму е примамлива и материјалистичка.

Таа култура посебно им штети на семејствата и на младите за кои треба да бараме решенија одејќи со Воскреснатиот – рече Папата и додаде: До целта како апостолите доаѓаме преку молитвата, барајќи Господ да остане со нас. Тој ни се објавува во прекршувањето на лебот и нѐ повикува на милосрдна љубов; да не бидеме пасивни во доброто, туку подготвени да станеме и да одиме; расположени за соработка. Има многу романски православни заедници кои одлично соработуваат со многу католички бискупии во Западна Европа. Во голем број случаи се развил однос на взаемна доверба и пријателство преку кој многу романски католици и православни спознаеле дека не се странци, туку браќа и пријатели.

Воскресението Христово за учениците било почеток на новиот пат на кој не исчезнале стравовите и несигурностите. Така било сѐ до Духови кога се собрале околу Мајка Божја и во еден Дух во различностите и богатството на јазиците, зборовите и животот сведочеле за Воскреснатиот. Нашиот пат поаѓа од сигурноста дека имаме брат покрај себе, дека ја делиме верата заснована на воскресението. Нека нѐ обнови Светиот Дух Кој го обликува единството во различностите, нека ги отстрани сомнежите и воздржаноста кои пречат заедно да сведочиме нов живот, нека ни ја даде благодата да одиме заедно, храброста да ги искусиме непознатите патишта на меѓусебно делење и посланието. Он, силата на мачениците нека ни помогне да ја направиме плодна нивната жртва – заврши Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Таг: Апостолска посета во Романија

Клучни зборови: папа Фрањо Светиот Синод, Романска Православна Црква

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот