Папата до клерот: Не заборавајте ја својата Прва Љубов

Свештениците треба да бидат пред сѐ пастири, а дури потоа научници, кои никогаш не го забораваат Христос, својата „прва љубов“ и секогаш Го наследуваат – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 6 јуни во капелата на домот Света Марта, опишувајќи какви треба да бидат сите мажи посветени на Бог во свештенството.

Како е со првата љубов? Односно, дали сум заљубен во Тебе како на првиот ден? Дали сум среќен со Тебе или Те занемарувам? Ова се прашањата кои често треба да ги поставуваме – вели Светиот Отец. И тоа не само брачните парови, туку и свештениците и епископите пред Исус. Бидејќи Он е тој – напомена Папата – Кој нѐ прашува онака како што направил со Петар: „Симоне, сине Јонин, љубиш ли Ме?“

Папата Фрањо во проповедта тргна од тој разговор од Евангелието, во кој Христос, на првиот меѓу апостолите три пати го прашува дали Го љуби повеќе од другите, што е – според зборовите на Папата – начин на кој сака да го врати на „првата љубов“. Тоа е прашање кои си го поставувам себе си, на своите браќа епископи и свештениците: Дали мојата љубов денес е како она првата? Дали сум заљубен како првиот ден? Или поради работа и грижи гледам други работи, и ја заборавам љубовта? – рече Папата и истакна дека е нормално, ако сопружниците се препираат, но – истакна – ако нема љубов, не се препираат, туку доаѓа до разделба.

Не чини никогаш да ја заборавиш првата љубов, никогаш – повтори папата Фрањо и истакна три погледи за кои свештеникот треба да води сметка во односот со Исус. Свештеникот пред сѐ – пред проучување, пред желбата да стане стручњак во филозофијата или теологијата или патрологијата – треба да биде пастир, онака како што Исус го поттикна на Петар: „Паси ги овците мои.“ Сѐ друго – смета Папата – доаѓа подоцна.

Паси. Теологијата, филозофијата, патрологијата, сѐ проучувај, но паси. Биди пастир – истакна Папата и објасни – бидејќи Господ нас нѐ повикал поради тоа. И епископските раце на мојата глава всушност се затоа, за да бидам пастир. (…) Тоа е второто прашање: Дали навистина сум пастир, или сум вработен во оваа невладина организација која се вика Црква? Тука постои разлика – рече Папата и го повтори прашањето „Дали сум пастир“ кое треба да си го поставува самиот, како и епископите и свештениците, сите.

За пастирите посветени на Исус нема ниту „слава“ ниту „величие“ – рече потоа Светиот Отец. Не, брате, ќе завршиш на највообичаениот начин, можеби и понижен, во кревет, така да треба други да те хранат, облекуваат… Твојата судбина е да завршиш онака како што Он заврши: љубовта која умира „како семето пченично, и така после ќе дојде плодот. Но, јас нема да го видам.“

На крајот четвртиот поглед, односно најсилниот збор – како што рече папата Фрањо – со кој Исус го завршува разговорот со Петар: „следи ме“. Ако сме се изгубиле или не знаеме како да одговориме на љубовта, не знаеме како да одговориме на тоа дека треба да бидеме пастири, ако не знаеме како да одговориме или не сме сигурни дека Господ нема да нѐ напуши ниту во најлошите моменти од животот или во болест, Он вели: „Следи ме“ Тоа е нашата сигурност. Треба да одиме по Исусовите траги, по тој пат.

Нека на сите нас, свештениците и епископите, Господ ни даде милост секогаш да ја пронаоѓаме и да мислиме на првата љубов, да бидеме пастири, да не се срамиме ако завршеме понижени во кревет или ако го изгубиме паметот. И нека секогаш ни дава милост да одиме по Исус, по Неговите траги; милост за да Го следиме – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот