Папата до капуцините: Бидете луѓе на помирување

Папата до капуцините: Бидете луѓе на помирување

Примајќи ги во аудиенција учесниците на 85. Генерален капитул на Редот на малите браќа капуцини, папата Фрањо ги поттикна и понатаму да бидат луѓе на помирувањето и молитвата. На капитулот е избран новиот врховен поглавар 57 годишниот Роберто Генун.

Вие сте народни монаси, на народот, луѓе на помирувањето и молитвата; чувајте ја таа близина и апостолатот на простувањето – ги поттикна папата Фрањо учесниците на Генералниот капитул на Редот на малите браќа капуцини кои на 14 септември ги прими во аудиенција. На Генералниот капитул која се одржа во Рим од 27 август до 16 септември, монасите избраа нов врховен поглавар, 57 годишниот Италијаннец фра Роберто Генун. Светиот Отец им се обрати без однапред подготвен говор.

Близина до Божјиот народ

Карактеристика на капуцините е – потсети Папата – токму близината до народот, близината која е еден вид прегратка со најранливите. Близина до Божјиот народ. Близината покажана на сите, а најмногу на најмалите, отфрлените, оние кои ја загубиле целата надеж. Но и оние кои најмногу се отуѓиле – рече Папата и спомнувајќи го почитувањето кое секогаш го предизвикува фрањевскиот хабит потсети на зборовите на поранешниот надбискуп на Буенос Аирес кардиналот Антонио Кварасино. Понекогаш – рече – некој кој мрази свештеник ќе упати некој лош збор кон свештениците, но фрањевскиот хабит никогаш не бил навреден.

Луѓе на помирувањето

Дека капуцините се луѓе на помирувањето, способни да ги решаваат конфликтите и да внесуваат мир во совеста, Папата потврди присетувајќи се на капуцинската црква во Буенос Аирес , каде секогаш оделе многу луѓе се исповедале затоа што – како што рече пренесувајќи ги зборовите на верниците – тие те слушаат, се насмевнуваат, не прашуваат многу и ти простуваат. Тоа е мудроста на помирувањето. Чувајте го апостолатот на исповед и простување. Тоа е една од најубавите работи која ја имате – помирување на луѓето. Дали во светите Тајни, дали во семејствата; секогаш треба да се помирува. А за тоа треба трпение; не се потребни зборови, туку близина и трпеливост – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот